Замена На Свеќичката; Проверка На Искрата За Палење; Проверка На Завртките На Пригушувачот На Издувникот; Замена На Сајлата На Стартерот/Замена На Пакетот Пружини За Враќање Во Почетна Положба/Замена На Пружината На Стартерот - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
7-6. Замена на свеќичката
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте ги свеќичката или капачето на
свеќичката ако моторот работи (висок напон).
Исклучувајте го моторот пред да започнете каква
било работа за одржување. Жешкиот мотор може да
предизвика изгореници. Носете заштитни ракавици!
Свеќичката мора да се замени во случај на оштетување
на изолацијата, ерозија на електродите (изгореност) или
ако електродите се многу валкани или замастени.
(Сл. 69)
Извадете го капакот на филтерот (видете 7‑11 „Чистење
на филтерот за воздух").
Извадете го капачето на свеќичката (9) од свеќичката.
Капачето на свеќичката може да го извадите со рака.
Растојание на електродите
Растојанието помеѓу електродите мора да биде 0,6 мм.
ВНИМАНИЕ: Користете ги само следниве свеќички:
NGK CMR6A.
7-7. Проверка на искрата за палење
(Сл. 70)
Притиснете ја олабавената свеќичка (10) со сајлата
за палење цврсто поврзана со цилиндарот со помош
на изолирани клешти (не во близина на отворот за
свеќичката).
Ставете го комбинираниот прекинувач (11) во положба
„ВКЛУЧЕНО".
Силно повлечете ја сајлата на стартерот.
Ако функционира исправно, во близина на електродите
треба да е видлива искра за палење.
7-8. Проверка на завртките на
пригушувачот на издувникот
(Сл. 71)
Одвртете ги трите завртки (12) и извадете го горниот дел
од пригушувачот на издувникот (13).
Напомена: За модели на пили со каталитички конвертори
(EA3200S, EA3201S), извадете го конверторот заедно со
горната страна од пригушувачот на издувникот.
Сега може да се пристапи до завртките на долната страна
од пригушувачот на издувникот (14) и може да се провери
дали се добро стегнати. Ако се лабави, стегнете ги со
рака (внимание: не престегнувајте ги).
136
7-9. Замена на сајлата на стартерот/
Замена на пакетот пружини за
враќање во почетна положба/
Замена на пружината на стартерот
(Сл. 72)
Одвртете ги трите завртки (1).
Извадете го куќиштето на вентилаторот (2).
Извадете го воздушниот водич (3) од куќиштето на
вентилаторот.
ВНИМАТЕЛНО! Опасност од повреда! Не одвртувајте
ја завртката (7) ако повратната пружина е затегната.
Ако сајлата на стартерот треба да се замени иако не
е скината, прво треба да се олабави затегнатоста на
повратната завртка на добошот од сајлата (13).
За таа цел, повлечете ја сајлата нагоре од куќиштето на
вентилаторот со помош на дршката.
Држете го добошот на сајлата со една рака , а со другата,
турнете ја сајлата во просторот (14).
Внимателно оставете добошот да се врти додека
повратната пружина веќе не е затегната.
Одвртете ја завртката (7) и извадете ги туркачот (8) и
пружината (6).
Внимателно извадете го добошот на сајлата.
Извадете ги евентуалните парчиња од сајлата.
Воведете нова сајла (дијаметар 3,0 мм, должина 900 мм)
како што е прикажано на сликата (не заборавајте
ја шајбната (10)) и врзете ги двата краја како што е
прикажано.
Повлечете го чворот (11) во добошот на сајлата (5).
Повлечете го чворот (12) во добошот дршката на
стартерот (9).
Поставете го добошот на вретеното и вртете го бавно
додека не се активира повратната пружина.
Поставете ја пружината (6) во туркачот (8) и поставете ги
заедно во добошот на сајлата (5) додека вртите по малку
налево. Вметнете ја завртката (7) и стегнете ја.
Воведете ја сајлата во отворот (14) на добошот на сајлата
и завртете го добошот со сајлата надесно три пати.
Држете го добошот на сајлата со вашата лева рака, а
со десната, одвиткајте го кабелот, повлечете го силно и
задржете го.
Внимателно ослободете го добошот на сајлата. Пружината
ќе ја намота сајлата околу добошот.
Повторете ја постапката уште еднаш. Дршката на
стартерот треба сега да стои исправено на куќиштето на
вентилаторот.
НАПОМЕНА: Со сајлата повлечете нанадвор до крај,
мора да биде можно да се сврти чекрекот за уште 1/4 кон
повратната пружина.
ВНИМАНИЕ: Опасност од повреда! Кога ја
извлекувате сајлата, прицврстете ја дршката
на сајлата! Ако сајлата на чекрекот се отпушти
несакајќи, ќе замавне наназад.
Замена на комплетот повратни пружини
Расклопете го куќиштето на вентилаторот и добошот на
сајлата (видете погоре).
ВНИМАТЕЛНО! Опасност од повреда! Повратната
пружина може да отскокне! Секогаш носете заштита
за очи и заштитни ракавици!
Нежно потчукнете го куќиштето на вентилаторот на
дрвена површина со целата површина на шупливата
страна и задржете го. Сега, почнете да го подигате
куќиштето на вентилаторот внимателно и со мали
чекори. Со тоа ќе се овозможи комплетот повратни
пружини (13), кој до сега би требало да е испаднат, да се

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents