Транспортирање И Складирање - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
користете стабилна подлога (ногари за сечење дрва,
Сл. 14). Не придржувајте го работниот материјал со
вашето стапало и не дозволувајте никој друг да го
прави тоа.
-
Прицврстете ги кружните парчиња да не се вртат.
-
За соборување дрвја или изведување попречно
сечење, мора да се потпре назабениот раб
(Сл. 14, Z) на дрвото што треба да се сече.
-
Пред попречното сечење, принесете го назабениот
раб до стеблото бидејќи стеблото може да се
пресече само ако синџирот се движи. Во текот
на оваа операција, синџирната пила треба да се
подигне со задната рачка и да се води со рачката во
форма на цевка. Назабениот раб служи како центар
на ротирањето. Продолжете така што благо ќе ја
притиснете рачката во форма на цевка и истовремено
ќе ја повлекувате синџирната пила наназад. Потпрете
го назабениот раб малку подлабоко и уште еднаш
подигнете ја задната рачка.
-
Кога морате да продупчите дупка или да изведете
надолжни засеци, изречно препорачуваме тоа да
се извршува само од страна на посебно обучени
лица (висок ризик од повратен удар).
-
Кога започнувате засек, сечилото може да избега
настрана или малку да потскокне. Тоа зависи од
дрвото и од состојбата на синџирот. Затоа, секогаш
цврсто држете ја синџирната пила со двете раце.
Извршувајте ги надолжните засеци под најмал можен
-
агол (Сл. 15). Внимавајте кога изведувате ваков
вид сечење бидејќи назабениот раб може да не се
потпира.
-
Пилата мора да се движи кога сакате да ја извадите
синџирната пила од дрвото.
-
Кога изведувате повеќе засеци, лостот за гас мора да
се отпушта помеѓу сечењата.
-
Бидете внимателни кога сечете кршливо дрво.
Отсечените делови можат да бидат повлечени (ризик
од повреди).
-
Кога сечете со горниот раб на лентата за водење,
синџирната пила може да биде отфрлена во насока на
корисникот ако синџирот се заглави. Од таа причина,
користете го долниот раб на лентата секогаш кога тоа
е можно. Синџирната пила тогаш ќе биде отфрлена во
спротивна насока од вас (Сл. 16).
-
Ако дрвениот материјал е под напрегнатост (Сл. 17),
прво пресечете ја страната што е под притисок (A).
Потоа, може да се изведе попречен засек на страната
што е под напрегнатост (B). Така, може да се избегне
заглавување на лентата за водење.
-
На крајот од засекот, тежината на синџирната пила ќе
предизвика нејзино нагло занишување бидејќи веќе не
се потпира на засекот. Држете ја цврсто за да можете
тоа да го исконтролирате.
ВНИМАНИЕ:
Луѓето што извршуваат соборување дрвја и
отсекување гранки мора да бидат посебно
обучени. Висок ризик од повреди!
-
Кога отсекувате гранки, синџирната пила треба да
биде потпрена на стеблото. Не користете го крајот од
лентата за сечење (ризик од повратен удар).
-
Бидете внимателни со гранки под напрегнатост. Не
сечете одоздола гранки што не се потпрени.
-
Никогаш не изведувајте ги работите за намалување на
напрегнатоста стоејќи на стеблото.
-
Пред соборувањето на дрвото, погрижете се
а) во работната област да бидат само оние лица што
учествуваат во соборувањето на дрвото.
b) секој работник, вклучен во соборувањето, да може
да се повлече без сопнување (луѓето треба да се
повлекуваат дијагонално наназад т.е. под степен од
45°).
c) на долниот дел од стеблото да нема надворешни
предмети, израстоци и гранки. Водете сметка
да имате безбедна потпора со нозете (ризик од
сопнување).
d) следното работно место да биде оддалечено
барем за две и пол должини од дрвото (Сл. 18).
Пред да го соборите дрвото, проверете ја насоката
на паѓањето и уверете се на оддалеченост од две
и пол должини на дрвото да нема ниту едно лице
ниту предмет.
(1) = област на сечење
-
Проценување на дрвото:
Насока на накривеноста - лабави или суви гранки -
височина на дрвото - природна надвиснатост - дали е
дрвото гнило?
-
Земете ги предвид насоката и брзината на ветерот.
Ако има силни налети на ветар, не соборувајте дрва.
-
Сечење на корењата:
Започнете со најцврстиот корен. Прво изведете
вертикално, а потоа, хоризонтално сечење.
-
Засекување на дрвото (Сл. 19, A):
Засекот ја одредува насоката на паѓање и го насочува
дрвото. Стеблото е засечено под прав агол во
однос на насоката на паѓањето и засекот навлегува
за 1/3 - 1/5 од пречникот на стеблото. Изведете го
сечењето близу до земјата.
-
Кога го исправувате сечењето, правете го тоа секогаш
по целата должина на засекот.
-
Пресечете го дрвото (Сл. 20, B) над долниот
раб од засекот (D). Резот мора да биде целосно
хоризонтален. Растојанието помеѓу обата засека мора
да биде приближно 1/10 од пречникот на стеблото.
-
Материјалот помеѓу двата засека (C) служи како
стожер. Никогаш немојте да го сечете до крај бидејќи
во спротивно, дрвото ќе падне неконтролирано.
Навремено вметнувајте ги клиновите за соборување.
-
Обезбедете го засекот само со пластични или
алуминиумски клинови. Не употребувајте железни
клинови. Ако пилата удри во железен клин, синџирот
може сериозно да се оштети или скине.
-
Кога соборувате дрво, секогаш застанувајте подалеку
од местото кадешто ќе падне.
-
Кога се повлекувате по соборувањето на дрвото,
чувајте се од соборените гранки.
-
Кога работите на стрмно подрачје, корисникот на
синџирната пила мора да стои над стеблото што треба
да се сече или е веќе соборено, или понастрана од
стеблото.
-
Водете сметка за стеблата што може да се истркалат
кон вас.
3-8. Транспортирање и складирање
Кога ја менувате вашата местоположба во текот
-
на работата, исклучувајте ја синџирната пила и
активирајте ја сопирачката на синџирот за да го
спречите несаканото стартување на синџирот.
-
Никогаш немојте да ја носите или транспортирате
синџирната пила додека е синџирот во движење.
Кога пилата е жешка, не покривајте ја (со покривка,
-
ќебе, весник или сл.).
Оставете пилата да се олади пред да ја ставите
во куфер за чување или во возило. За пилите со
каталитичен конвертор, потребно е подолго време
за да се оладат!
-
Кога ја транспортирате синџирната пила на долги
растојанија, заштитниот капак на синџирот (кој се
испорачува заедно со синџирната пила) мора да е
поставен.
-
Носете ја синџирната пила држејќи ја за рачката
во форма на цевка. Лентата за водење е насочена
123

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents