Makita EN420MP Instruction Manual page 70

Ground trimmer attachment
Hide thumbs Also See for EN420MP:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање на додатокот на уред за напојување
За да го монтирате додатокот на уред за напојување, следете ги
чекорите подолу.
Погрижете се лостот за блокирање да не биде стегнат.
1.
Порамнете го чепчето со ознаката за стрелка.
2.
Вметнете ја осовината во погонската оска на уредот за
3.
напојување до линијата на положбата, додека да скокне копчето
за отпуштање.
Стегнете го цврсто лостот за блокирање како што е покажано.
4.
► Сл.4: 1. Лост за блокирање 2. Копче за ослободување
3. Ознака за стрелка 4. Чепче 5. Линија за положба
За да го отстраните додатокот, олабавете го лостот за блокирање
вртејќи го во обратна насока и притиснете го копчето за
блокирање и повлечете ја осовината.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не стегајте ја рачката за блокирање без
да биде вметната оската на опремата. Инаку, лостот за
блокирање може да го престегне и да го оштети влезниот отвор
на погонската оска.
Нагодување на аголот на засекот
ВНИМАНИЕ:
Кога го нагодувате аголот на сечење,
секогаш исклучувајте го моторот и отстранувајте ја
касетата со батерии, а потоа поставете го тримерот за жива
ограда рамно на земјата.
ВНИМАНИЕ:
Не нагодувајте го аголот на сечење кога
тримерот за жива ограда е во исправена положба.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш обезбедувајте ги сечилата со
обезбедениот капак за сечила пред да го нагодувате аголот
на сечење.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете рачка на уредот за
сечење кога го нагодувате аголот на сечење. Фаќањето на
сечилото може да резултира со телесна повреда.
Држете ја рачката на уредот за сечење и поместувајте го
сечилото до саканиот агол додека го влечете блокирањето на
аголот. Аголот на сечење може да се нагоди во опсег како што е
илустрирано на сликата.
► Сл.5: 1. Блокатор на аголот 2. Рачка на уредот за сечење
НАПОМЕНА: Уредот за сечење се зацврстува само со
одредени агли покрај неговиот жлеб. Осигурете се дека уредот
за сечење стои правилно. Доколку аголот не е соодветен,
спојницата е отсечена и алатот не работи.
Во случај кога уредот за сечење е лабав, шрафот (оската на
нагодување на аголот) треба да се стегне.
Поставете го насадниот клуч и имбус-клучот на шрафот. Нагодете
ја затегнатоста на уредот за сечење завртувајќи го имбус-клучот,
а потоа зацврстете го шрафот завртувајќи го насадниот клуч.
► Сл.6: 1. Насаден клуч 2. Завртка 3. Имбус-клуч
НАПОМЕНА: Не затегнувајте го уредот за сечење премногу
цврсто. Аголот на уредот за сечење не може да се промени,
доколку е премногу затегнат.
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ако ножевите се движат
напразно, намалете ја брзината на моторот додека работи
напразно. Во спротивно, нема да можете да ги запрете
ножевите со исклучен регулатор и тоа може да предизвика
сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Следете ги предупредувањата
и мерките на претпазливост од главата „ВАЖНИ
СИГУРНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ" и прирачникот
со упатства за уредот за напојување.
Сечење трева
Кога сечете трева, следете ги чекорите подолу.
Целосно повлечете го лостот на регулаторот.
1.
Поставете ги сечилата на тревата паралелно на земјата.
2.
Сечете ја тревата со нишање оддесно налево.
3.
► Сл.7
Поткастрување жива ограда
Кога поткаструвате жива ограда вертикално, следете ги чекорите
подолу.
Целосно повлечете го лостот на регулаторот.
1.
Поставете ги сечилата на живата ограда паралелно едно со
2.
друго.
Поткаструвајте ја живата ограда со нишање оддолу нагоре.
3.
► Сл.8
Кога поткаструвате жива ограда хоризонтално, следете ги
чекорите подолу.
Целосно повлечете го лостот на регулаторот.
1.
Ставете ги сечилата на живата ограда под агол од 15° до 30°.
2.
► Сл.9
Поткаструвајте ја живата ограда со нишање оддесно налево.
3.
► Сл.10
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
одржувате опремата, исклучете го моторот и извадете го
капачето на свеќичката или касетата со батерии. Инаку,
ножевите и другите делови може да се движат и да
резултираат со сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
работите околу ножевите, носете заштитни ракавици и
ставете го капакот за ножевите на ножевите. Вашите прсти
може да дојдат во контакт со ножевите при склопувањето
или нагодувањето и тоа може да предизвика сериозна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
на опремата, секогаш ставајте ја опремата долу.
Склопувањето или нагодувањето на опремата во
исправена положба може да резултира со сериозна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
и мерките на претпазливост од главата „ВАЖНИ
СИГУРНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ" и прирачникот
со упатства за уредот за напојување.
Проверка на ножевите
Секојдневно проверувајте дали ножевите се оштетени, напукнати
или со тапи рабови. Од овластен сервисен центар побарајте да
ги заменат оштетените ножеви или да ги наострат тапите ножеви.
Нагодување на растојанието меѓу ножевите
Горните/долните ножеви постепено се абат по работа. Ако
не можете убаво да сечете, иако ножевите се доволно остри,
нагодете го просторот меѓу нив на следниов начин.
Стегнатоста на шестаголната навртка го определува просторот
меѓу ножевите. Навртката ја држи шестаголната завртка со
одредена стегнатост. Разлабавениот простор предизвикува тапо
сечење, но престегнат простор предизвикува непотребна топлина
и побрзо абење на ножевите.
Олабавете ги навртките со клуч.
1.
Стегајте ги полека шестаголните завртки додека не
2.
престанат да се вртат. Потоа, шрафете ги уште четвртина до
половина круг за да се постигне неопходниот простор.
Држете ги шестаголните завртки и стегнете ги навртките.
3.
Нанесете лесно масло на површината од ножевите која ќе се
4.
трие.
Вклучете го моторот и вклучувајте го и исклучувајте го
5.
регулаторот една минута.
Измерете го неопходното време на запирање на ножевите
6.
по отпуштање на регулаторот. Ако поминале две или повеќе
секунди, исклучете го моторот и повторете ги чекорите 1 до 6.
Исклучете го моторот и допрете ја површината на ножевите.
7.
Ако не се премногу жешки на допир, соодветно сте ги нагодиле.
Ако се премногу жешки на допир, одвртете ги шестаголните
навртки малку и повторете ги чекорите 5 до 7.
► Сл.11: 1. Навртка 2. Горен нож 3. Долен нож 4. Плочка
5. Шестаголна завртка
МАКЕДОНСКИ
70
Пред да ја проверувате или
Пред да ракувате или да
При проверка или одржување
Следете ги предупредувањата

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents