Bosch UniversalChain 18 Original Instructions Manual page 310

Hide thumbs Also See for UniversalChain 18:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 16
310 | Македонски
Подмачкување на ланецот (види слика D)
Совет: Моторната пила не се испорачува наполнета со
масло за ланецот (обем на испорака). Многу е важно да
наполните соодветно масло пред првата употреба.
Употребата на пилата без соодветно масло или со масло
под линијата за минимално ниво ќе резултира со
оштетување на пилата.
Животниот век и ефикасноста на ланецот зависат од
оптималното подмачкување. Затоа, при работа, од кај
отворот за масло (21) ланецот автоматски се
подмачкува.
За да го наполните резерварот за масло:
– Ставете ја пилата на соодветна површина со капачето
за масло (4) нагоре.
– Со крпа исчистете го делот околу капачето (4) и
одвртете го капачето.
– Додајте Бош биоразградливо масло се додека нивото
на маслото на мерачот не прикаже „max„ (7)
достигнато ниво.
– Внимавајте во резерварот да не влезе никаква
прљавштина. Затворете го капачето за масло
повторно (4) цврсто.
– Вклучете ја пилата на 30 секунди да се стартува
системот за подмачкување.
Совет: На капачето за масло постојат мали воздушни
канали кои служат за вентилирање на резервоарот за
масло. За да спречите истекување, држете ја пилата во
хоризонтална положба со капачето за масло (4) свртено
нагоре.
Совет: Важно е да се употребуваат само биоразградливи
мазива за ланци (според RAL-UZ48) да се избегнат
оштетувања на ланецот. Никогаш не користете
рециклирано/старо масло. Употреба на неодобрени
масла води до губење на гаранцијата.
Совет: Маслото се згуснува на ниски температури што го
намалува протокот на маслото.
Употреба
Вметнување на батеријата
Вметнете ја наполнетата батерија (17). Проверете дали
батеријата е правилно вклопена.
Вклучување/исклучување
Пилата држете ја како што е опишано во делот „Работа со
пилата".
За пуштање во погон на уредот притиснете ја прво
блокадата (3) па потоа прекинувачот за вклучување (2) и
држете го притиснат.
Кога машината работи, сигурносното копче може да се
пушти.
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
F 016 L94 153 | (23.06.2021)
Совет: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Работа со моторната пила
Пред сечење
Пред да почнете со работа и повремено во тек на
работењето, спроведувајте ги следните проверки:
– Дали е пилата исправна да работи безбедно?
– Дали е полн резерварот за масло? Проверувајте го
нивото на масло пред да почнете со работа и
повремено во тек на работењето. Турете масло ако
нивото на маслото го досегне долниот раб на
прозорчето за мерење на нивото на маслото. Еден
резервар трае околу 15 минути, во зависност од
паузите и интензитетот на сечењето.
– Дали е ланецот правилно затегнат и оштар?
Проверувајте ја затегнатоста на ланецот редовно на
секои 10 минути. На почетокот на употребата, новите
ланци можат значајно да се олабават. Состојбата на
ланецот влијае на ефикасноста при сечењето. Само
оштар ланец штити од преоптоварување.
– Дали ја носите потребната заштитна опрема? Носете
заштита за видот и слухот. Препорачано е да се носи и
заштита за главата, рацете, нозете и стапалата.
Соодветна заштитна опрема штити од парчиња
отфрлени при сечењето и од случаен контакт со
ланецот.
– Користете заштитна маска при сечење на веке
третирано дрво.
– Проверете дали има кабел за напојување во областа
каде би вршеле сечење.
Отскокнување
Никогаш не отстранувајте ја ниту менувајте
заштитната водилка! Пилата е опремена со заштитна
водилка за да се спречи повратен удар ако врвот на
пилата случајно се притисне на дрвото.
Под отскокнување се подразбира ненадејно и брзо
движење на пилата нагоре и наназад коешто се случува
кога ланецот (на врвот на плочата) доаѓа во контакт со
материјал, или кога се заглавува ланецот.
При отскокнување пилата реагира непредвидливо и
може да предизвика тешки повреди кај ракувачот или
лицата во непосредна близина.
Особено внимание мора да се посвети кога се сече
странично, накосо или при долги резови, зошто не може
да се примени забецот (8).
За да избегнете отскокнување:
– Сечете местејќи ја плочата под прав агол со дрвото.
– Никогаш не работете со лабав, многу истегнат или
многу истрошен ланец.
– Заменете го тапиот ланец на пилата.
– Никогаш не сечете над нивото на рамената.
– Никогаш не работете со врвот на ланецот.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents