Makita PT354D Instruction Manual page 37

Cordless pin nailer
Hide thumbs Also See for PT354D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
► Сл.14: 1. Прекинувач за стартување 2. Контактен
елемент
Исто така, може да ги заковате шајките при
влечење на алатот во следната област со притиснат
контактен елемент на материјалот и повлекување на
прекинувачот за стартување.
► Сл.15
Доколку главата на шајката остане над површината
на работниот материјал, заковајте ја шајката
држејќи ја главата на заковувачот на шајки цврсто на
работниот материјал.
► Сл.16
НАПОМЕНА: Доколку главата на шајката остане
над работниот материјал, дури и кога ја држите
главата на шајката, материјалот може да не
е соодветен за заковувачот на шајки. Ако се
продолжи со користење на заковувачот на шајки
на таков материјал, тоа може да резултира со
оштетување на двигателот на заковувачот на
шајки и/или заглавување на заковувачот на шајки.
Механизам за празно испукување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
внимавајте вашите прсти да не се поставени
на прекинувачот за стартување или на
контактниот елемент и дека касетата за
батеријата е отстранета пред да го наполните
заковувачот на шајки.
Кога бројот од преостанатите шајки во магацинот е
од 0 - 3 парчиња, прекинувачот за стартување веќе
не може да се повлекува. Тогаш, вметнете нова
лента на шајки во магацинот и повторно ќе може да
го повлекувате прекинувачот за стартување.
НАПОМЕНА: При испукување шајки со различна
должина кратко време по активирањето на
уредот против празно испукување, вметнете нова
лента на шајки во магацинот и испукајте ги сите
претходни шајки што останале на непотребен
материјал.
Проверка на преостанатите шајки
Можете да ја проверите количината на преостанати
шајки преку прозорецот за преглед.
Црвениот индикатор се движи кон отворот за
спојување кога се намалува количината на
преостанатите шајки.
► Сл.17: 1. Прозорец за преглед 2. Индикатор
Отстранување заглавени шајки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
дали касетата за батерија е извадена пред да ги
отстраните заглавените шајки.
Извадете ги шајките што останале во внатрешноста
на магацинот.
Отстранете ги трите завртки што го обезбедуваат
капакот на водачот на двигателот со имбус-клучот.
Извадете ги заглавените шајки од жлебот за водење
шајки.
Секогаш
Секогаш проверувајте
37 МАКЕДОНСКИ
Ако не можете да ги извадите заглавените шајки,
дополнително отстранете ги уште двете завртки
што го обезбедуваат капакот за контакт одозгора со
имбус-клучот. Потоа извадете ги.
► Сл.18: 1. Капак на водач на двигателот
2. Завртка 3. Капак за контакт одозгора
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Шајки
Оригинална батерија и полнач на Makita
Заштитни очила
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pt354dz

Table of Contents