Makita PT354D Instruction Manual page 36

Cordless pin nailer
Hide thumbs Also See for PT354D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Полнење на заковувачот на шајки
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
касетата за батерија е извадена пред да ги
наполните шајките. Ненамерното испукување
може да предизвика телесни повреди и
оштетување на имотот.
ВНИМАНИЕ:
Немојте нагло да го лизгате
магацинот на заковувачот на шајки кога е полн со шајки.
Случајното испуштање шајки, особено додека работите на
повисоките места, може да предизвика лични повреди.
ВНИМАНИЕ:
Наполнете ги шајките во
правилната насока. Полнењето во погрешна насока
може да предизвика предвремено абење на двигателот,
како и оштетување на другите делови.
ВНИМАНИЕ:
Не користете деформирани
поврзани шајки. Користете шајки што се препорачани
во ова упатство. Употребата на различни шајки од оние
што се наведени може да предизвика заплеткување и
кршење на заковувачот на шајки.
1.
Извадете ја касетата за батеријата.
2.
Притиснете го лостот за блокирање и лизнете
го магацинот наназад.
3.
Изедначете го врвот на шајките со браздите на
дното на магацинот и притиснете го целиот дел од
шајките кон водачот на двигателот. (Внимавајте да
ги поставите шајките во правилната насока.)
► Сл.8: 1. Шајки 2. Магацин 3. Лост за блокирање
4. Водач на двигателот
4.
Откако сте наполниле шајки, турнете го
магацинот на место додека не кликне.
За да ги извадите шајките, следете ја постапката за
монтирање по обратен редослед.
Адаптер за врвот
ВНИМАНИЕ:
Секогаш внимавајте вашите
прсти да не се поставени на прекинувачот за
стартување или на контактниот елемент и дека
касетата за батеријата е отстранета пред да го
инсталирате адаптерот за врвот.
При испукување шајки на материјал со лесно-уништлива
површина, користете го адаптерот за врвови. За да
го инсталирате адаптерот за врвови, поставете го врз
водачот на двигателот, така што издадениот дел на
адаптерот за врвот да се вклопува со вдлабнатината на
капакот на водачот на двигателот.
Може да го чувате адаптерот за врвот на држачот во
задниот дел на магацинот за да не го изгубите.
► Сл.9: 1. Вдлабнатина 2. Издаден дел 3. Адаптер
за врвот 4. Држач
Кука
ВНИМАНИЕ:
Не закачувајте ја куката преку
ременот за појас. Испуштањето на заковувачот на
шајки, што е предизвикано од случајно изместување на
куката, може да предизвика несакано испукување и да
резултира со телесни повреди.
► Сл.10
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот.
За да ја поставите куката, вметнете ја во жлебот на
куќиштето на алатот од која било страна и потоа
зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
► Сл.11: 1. Жлеб 2. Кука 3. Завртка
Складирање на имбус-клучот
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
► Сл.12: 1. Имбус-клуч
РАБОТЕЊЕ
Тестирање на безбедносниот
систем
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
проверете дали сите безбедносни системи се
во исправна состојба. Во спротивно, може да
дојде до телесни повреди.
► Сл.13: 1. Копче за блокирање на прекинувачот
2. Прекинувач за стартување 3. Контактен
елемент 4. Магацин
Пред работата, тестирајте ги безбедносните системи
за можен дефект на следниов начин.
1.
Испразнете ги шајките од алатот и држете го
магацинот отворен.
2.
Монтирајте ја касетата за батерија и
ослободете ја бравата за активирање.
3.
Само повлечете го прекинувачот за стартување без
да го допрете контактниот елемент до материјалот.
4.
Само допрете го контактниот елемент до
материјалот без да го повлечете прекинувачот за
стартување.
Доколку алатот работи во случајот 3 и 4 погоре,
безбедносните системи се неисправни. Веднаш
престанете да го користите алатот и побарајте го
вашиот локален сервисен центар.
Заковување на шајките
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
поставување на контактниот елемент на
материјалот цврсто, додека шајката целосно
не се забие. Ненамерното испукување може да
предизвика телесни повреди.
1.
Ослободете ја бравата за активирање.
2.
Поставете го контактниот елемент рамно на
материјалот.
3.
Повлечете го прекинувачот за стартување за да
ги придвижите шајките.
4.
За да ја придвижите следната шајка, тргнете
го прстот од прекинувачот за стартување еднаш, а
потоа повторете ги чекор 2 и 3 дадени погоре.
36 МАКЕДОНСКИ
Пред работата,
Продолжете со

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pt354dz

Table of Contents