Makita DLW140 Instruction Manual page 53

Cordless portable cut-off
Hide thumbs Also See for DLW140:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Интервал помеѓу менгемето и
плочата за водење
ВНИМАНИЕ:
По нагодување на интервалот
помеѓу менгемето и плочата за насочување,
уверете се дека плочата за насочување е
правилно стегната. Недоволното фиксирање
може да резултира со лична повреда.
Достапни се следниве параметри за интервали на
менгемето:
0 - 170 мм (оригинален параметар)
35 - 205 мм
70 - 240 мм
Доколку за вашата работа е потребен поинаков
параметар, продолжете со промена на растојанието
или интервалот како што е прикажано.
Олабавете ја завртката на плочата за водење.
Поместете ја плочата за водење до саканата
положба, па стегнете ја завртката.
► Сл.8: 1. Завртка 2. Плоча за водење
Нагодување на аголот на засекот
ВНИМАНИЕ:
По нагодување на аголот
на плочата за насочување, уверете се дека
плочата за насочување е правилно стегната.
Недоволното фиксирање може да резултира со
лична повреда.
ВНИМАНИЕ:
Поради аголот на сечење, не
ракувајте со алатот ако материјалот не е убаво
прицврстен со менгеме.
Свртете ја рачката налево. Поместете ја плочата за
водење до саканиот агол и целосно стегнете ја рачката.
► Сл.9: 1. Плоча за водење 2. Рачка
НАПОМЕНА: Скалата на плочата за водење е
само груб показател. За попрецизно поставување
на аголот, користете агломер или триаголник.
Држете ја рачката надолу, така што тркалото за
сечење да излегува низ основата. Истовремено,
нагодете го аголот помеѓу плочата за водење и
тркалото за сечење со агломер или со триаголник.
Нагодување на штитникот од искри
Зависно од земјата
Штитникот од искри е монтиран фабрички
со неговиот долен раб во допир со основата.
Работењето со алатот во оваа положба ќе
предизвика разлетување на голем број искри
наоколу. Олабавете ја завртката и нагодете го
штитникот од искри во позиција во која најмалку се
разлетуваат искри наоколу.
► Сл.10: 1. Завртка 2. Штитник од искри
Електронска функција
Алатите опремени со електронска функција се
лесни за работа поради следниве функции.
Одлика за меко стартување
Започнете меко заради потиснатиот почетен удар.
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
на алатот, секогаш проверувајте дали тој е
исклучен и касетата за батеријата е извадена.
Ако не го исклучите алатот и не ја извадите
касетата за батеријата, може да дојде до тешка
телесна повреда.
Отворање сигурносен штитник од
тип со средишно капаче
Зависно од земјата
За алатите опремени со сигурносен штитник од
типот со средишно капаче, олабавете ја прво
клемастата завртка, па кренете го штитникот.
► Сл.11: 1. Клемаста завртка
Отворање сигурносен штитник од
европски тип
Зависно од земјата
За алатите опремени со сигурносен штитник од
европски тип, олабавете ја прво клемастата завртка,
па кренете го штитникот како што е прикажано.
► Сл.12: 1. Клемаста завртка
► Сл.13
► Сл.14
Вадење или монтирање на
тркалото за сечење
ВНИМАНИЕ:
ја затегнете рачната стега. Недоволното
стегнување може да резултира со сериозна
повреда.
ВНИМАНИЕ:
соодветните внатрешна и надворешна фланша
што се испорачуваат со алатот.
ВНИМАНИЕ:
безбедносниот штитник по замена на тркалото
за сечење.
ВНИМАНИЕ:
ракувате со камења.
Кренете го сигурносниот штитник. Свртете ја рачната
стега налево додека ја држите блокадата на оската.
Потоа, извадете ги рачната стега, надворешната
фланша и тркалото за сечење. При отстранување на
тркалото за сечење, не отстранувајте ги внатрешната
фланша, како и прстенот и О-прстенот.
► Сл.15: 1. Блокада на оската 2. Рачна стега
► Сл.16: 1. Внатрешна фланша 2. Прстен
3. О-прстен 4. Тркало за сечење
5. Надворешна фланша 6. Рачна стега
За да го монтирате тркалото за сечење, следете ги
постапките за отстранување по обратен редослед.
Погрижете се отворот на тркалото за сечење да се
поклопи со прстенот, па вратете го сигурносниот
штитник.
53 МАКЕДОНСКИ
Пред да работите
Внимавајте доволно да
Секогаш користете ги само
Секогаш спуштајте го
Носете ракавици кога

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents