Makita DLW140 Instruction Manual page 50

Cordless portable cut-off
Hide thumbs Also See for DLW140:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
Пред користење на касетата за батеријата,
1.
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
2.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
Не палете ја касетата за батеријата дури
7.
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за
опасни предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети
лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила.
Залепете ги со леплива лента или маскирајте
ги отворените контакти, а батеријата спакувајте
ја, така што нема да се движи слободно во
пакувањето.
Кога ја фрлате во отпад касетата за
11.
батеријата, извадете ја од алатот и
фрлете ја на безбедно место. Почитувајте
ги локалните законски прописи што
се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
12. Користете ги батериите само со
производите назначени од Makita.
Монтирањето батерии на неусогласените
производи може да резултира со пожар,
прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
13. Доколку алатот не се користи подолг
временски период, батеријата мора да се
извади од алатот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ:
батерии на Makita. Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
Совети за одржување
максимален работен век на
батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
4.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не
ја користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
МОНТИРАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
материјал, алатот искри. Не монтирајте го
алатот на места каде што запаливи и/или
експлозивни материјали може да се запалат
од неговите искри. Пред да почнете со работа,
погрижете се да нема такви материјали блиску
до алатот.
Стегнување на основата
Овој алат треба да се прицврсти со две завртки на
рамна и стабилна површина користејќи ги отворите
за завртки направени во основата на алатот. Тоа ќе
помогне да се спречи превртување и можна телесна
повреда.
► Сл.1: 1. Отвори за завртки 2. Основа
50 МАКЕДОНСКИ
Користете само оригинални
Кога сече работен

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents