Download Print this page

Ferm BSM1021 Original Instructions Manual page 103

Hide thumbs Also See for BSM1021:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Електрична безбедност
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди. Прочитајте
ги следните безбедносни упатства и
приложените безбедносни упатства.
Секогаш проверувајте дали напонот на
напојувањето одговара на наведениот
напон на плочката.
Машина со ll класа на заштита. Вашата
машина е двојно излирана, поради тоа
не е потребно заземјување.
Замена на кабли или приклучници
Веднаш да ги фрлите старите кабли или
приклучници, кога ќе ги замените со нови.
Опасно е да ја вклучите приклучницата ако
кабелот е лабав.
Користете продолжни кабли
Користете само одобрени продолжни кабли
погодни за влезната моќност на машината.
Најмал попречен пресек е 1,5 mm2. Кога се
користи кабел во ролна, секогаш целосно да
го одмотате.
3. РАКУВАЊЕ
Секогаш да ги следите упатствата за
безбедност и да се придржувате кон
важечките прописи.
Избор на брусна хартија
Груба брусна хартија (гранулација 50)
отстранува поголем дел од материјалот, а
фина се користи за завршна обработка. Ако
површината не е рамна, тогаш почнете со
груба брусна хартија. Понатаму, користете
средната брусна хартија (гранулација 80)
за отстранување на гребнатини од грубата
хартија и конечно, фина хартија (гранулација
120), за завршна обработка.
Отстранување и поставување на брусна
лента
Сл. C
Пред монтирање на брусна лента
извлечете го кабелот од струја.
Поставете ја машината на страна, со капакот
на погонскиот ремен свртен надолу.
Отстегнете ги стегите на брусната лента (4).
Извадете ја брусната лента од машината.
Ставете нова брусна лента, уверете се дека
стрелката за насоката на лентата покажува
во иста насока со насоката на индикаторот
(5).
Стегнете ја повторно брусната лента (4).
Дотерување на брусната лента
Сл. B
Ако брусната лента не се движи паралелно со
надворешниот раб од куќиштето, брусењето
мора да се дотера. Поместете ја брусната
лента во исправна положба, со рачката за
подесување (12). Со вртење на рачката за
подесување надесно, лентата се движи кон
внатре, а со вртење налево, лентата се движи
кон надвор.
Вклучување и исклучување
Сл. B
За вклучување на машината, притиснете го
Оn/Оff прекинувачот (7).
За исклучување, отпуштете го On/Off
прекинувачот.
За непрекинато работење треба да се
користи прекинувачот за блокирање (8):
Вклучете ја машината, со притискање на
Оn/Оff прекинувачот.
Притиснете го забравниот прекинувач и
отпуштете го on/ off прекинувачот.
За исклучување на машината, притиснете
го on/off прекинувачот и пуштете го.
Поставување на брзина
Сл. B
За избор на брзина се користи тркалото за
избор на брзина. Брзината може да се избере
во 6 положби. Идеалната брзина зависи од
гранулацијата и од обработуваниот материјал.
Не избирајте брзина за време на
работа.
103

Advertisement

loading