Снимач (Rec) - Tesla 32S307WH Operating Instructions Manual

Series 3
Table of Contents

Advertisement

МК
СНИМАЧ (REC)
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
1. Било што да снимате со овој телевизор, мора да поврзете надворешен уред на
соодветната УСБ-порта на задниот дел од телевизорот за да снимате.
2. УСБ-уредот мора да биде во формат FAT32.
3. Првиот пат кога ќе го користите УСБ-уредот за снимање на овој телевизор, ви предлагаме
да го форматирате УСБ-уредот пред да започнете со снимање.
4. Уверете се дека гледате DTV-програма.
5. Користете висококвалитетен мобилен уред за снимање програми со висока дефиниција
(ХД). Во спротивно видеозаписите ќе заглават при репродукцијата.
6. Направете резервна копија од податоците на меморискиот УСБ-уред во случај да се
изгубат податоците поради несреќен случај. Ние не преземаме никаква одговорност за
загуби поради лоша употреба или дефект. Правењето резервна копија од податоците е
одговорност на потрошувачот.
Инстант снимање и репродуцирање со еден допир
1. Вметнете надворешен уред за меморирање со висока брзина и проверете дали има
доволно простор на него.
2. Изберете ги телевизиската програма и каналот што сакате да ги снимате.
3. Притиснете на копчето REC (Снимај) за да влезете во режим на снимање и да започнете
со снимањето. Контролната лента за снимање на екранот покажува како што е подолу и
може да изберете соодветни поставки според ваша желба.
4. Доколку функцијата за снимање не може да се реализира, обидете се да го форматирате
УСБ-уредот.
5. Ако сакате да го запрете снимањето, притиснете го копчето [
Напомена: (А) За време на режимот на снимање, не можете да менувате канали и изберете
друга функција.
(Б) Ако е сигналот прекинат или нема сигнал додека се снима, снимањето
ќе запре додека не се воспостави сигнал. На тој начин може да ја изгубите
содржината од програмата.
Тајмер за снимање
Има два начина да го поставите тајмерот за да снима телевизиска програма.
Ако ги знаете деталите за програмирање:
1. одете на каналот на кој ќе се емитува програмата што сакате да ја снимате.
2. Притиснете го копчето EPG за да пристапите до интерфејсот за EPG. На екранот што ќе се
појави ќе се означи каналот што го гледате.
3. Притиснете го копчето RED (Црвено) на далечинскиот управувач, а потоа влезете во
деталите за програмата преку менито од снимачот со притискање на
ставка и
/ dза да ја промените поставката. На пример, доколку програмата започнува
во 20:30 истиот ден, внесете: 30 во просторот за МИНУТИ, 20 во просторот за ЧАСОВИ
(се прикажуваa 24 формат на часовник), а потоа релевантниот датум. Употребете го
истиот метод за завршување на времето.
110
] и снимањето ќе запре.
/
за да изберете

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents