Skil 5330 Original Instructions Manual page 185

Compact multi-material saw
Hide thumbs Also See for 5330:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
обидувајте се да го извадите тркалото за сечење
додека се движи, во спротивно може да дојде до
повратен удар. Проверете и преземете корективни
дејства за да исклучите причина за виткање на
тркалото.
h) Не започнувајте ја работата со сечење во самиот
предмет за работа. Оставете тркалото да
постигне полна брзина и внимателно навлезете
во линијата за сечење. Тркалото може да се
свитка, да се откачи или да предизвика повратен
удар ако алатот се вклучува во самиот предмет за
работа.
i) Потпрете ги панелите или преголемите предмети
за работа за да го сведете ризикот од
потфаќање на тркалото или од повратен удар на
минимум. Големите предмети за работа се виткаат
заради нивната тежина. Потпорите мора да се
постават под предметот за работа близу линијата за
сечење и близу работ на предметот за работа од
двете страни на тркалото.
j) Обрнете особено внимание кога правите „џебен
засек" во постојни ѕидови или други слепи
области. При навлегување, тркалото може да ги
пресече цевките за плин или вода, електричната
инсталација или да наиде на предмети коишто ќе
предизвикаат повратен удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ОПШТИ
• Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајќи
и деца) со намалени физички, сензорски или
ментални способности или со помало искуство и
знаење, и доколку лицето задолжено за нивна
безбедност не им даде соодветна помош и упатство
за за тоа како да се користи алатот
• Пред првото користење на електричниот алат, се
препорачува да добиете практични информации
• Овој алат не е подесен за сечење во присуство на
влага 3
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
• Никогаш не користете го алатот за странично
брусење
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Не вклучувајте го алатот прицврстен за едно
место (не е наменете за работа на маса за пилење)
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Не сечете метали со железо (црвените врели
отфрлени делови може да го запалат
отстранувањето за прашината)
• Користете го отстранувањето за прашина кога
работите со камен. Правосмукалката мора да
има функција за отстранување на камената
прашина (со употреба на оваа опрема се намалува
ризикот поврзан со прашината)
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
• Користете само сечива за пили/дискови за
сечење со минимален дијаметар од 85 мм, со
максимален дијаметар од 89 мм и отвор на
ободот од 10 мм
• Никогаш не користете дискови за стругање со овој
алат
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на косилката
• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со
раце)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
• Не се обидувајте да сечете многу мали материјали
• Не работете над главата со алатот (со овој начин
на работа не се обезбедува задоволителна контрола
врз алатот)
185

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents