Одржување И Нега; Чистење/Замена На Филтерот За; Воздух (15) - AL-KO 141B User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 28
MK
8 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА
ОПАСНОСТ! Опасност по животот од
неправилно одржување. Работите на
одржување изведувани од неквалификувани
лица како и недозволени резервни делови
може во работата да доведат до тешки
повреди па дури и до смрт.
Не ги отстранувајте безбедносните
направи и не ги ставајте вон функција.
Користете само дозволени оригинални
резервни делови.
Погрижете се преку редовно и стручно
одржување за тоа да уредот се наоѓа во
функционална и чиста состојба.
ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.
Предметите со остри рабови и
самодвижечките делови на уредот може да
доведат до повреди.
При работи на одржување, нега и чистење
носете секогаш заштитни ракавици!
Правилно одржување и нега е потребно за да
се запази функционалноста и безбедноста на
уредот. Почитувајте ги следниве точки:
Извршувајте одржување и нега само ако
ги поседувате потребните познавање и
алати.
Почекајте додека моторот не се излади
целосно.
Заменете ги изабените или дефектни
делови на уредот само со оригинални
резервни делови на производителот.
Работите на одржување и нега коишто не
се опишани во ова упатство за употреба
не смеете да ги извршувате сами. За тоа
побарајте овластена сервисна
работилница. Во спротивно се губи
гаранцијата на производителот.
Интервалите за овде наведеното одржување
и нега ќе ги најдете во планот за одржување
(види Поглавје 8.5 "План за одржување",
страна 419).
Користете ги само дозволените алатки за
сечење (види Поглавје 2.8 "Дозволени
алатки", страна 410)!
418
8.1
Чистење/замена на филтерот за
воздух (15)
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетувања на
моторот. Користење на моторот без филтер
за воздух води до тешки оштетувања на
моторот!
Никогаш да не го употребувате уредот без
филтер за воздух.
Редовно чистете го филтерот за воздух.
Заменете го оштетениот филтер за
воздух.
1. Демонтирање на филтерот за воздух:
Одвртете ја завртката на филтерот за
воздух (15/1) сѐ додека не се
разлабави капакот на куќиштето од
филтерот за воздух (15/2).
Истеглете го капакот на куќиштето од
филтерот за воздух.
Извадете го сунѓерот на филтерот
(15/3) од рамката (15/4).
2. Чистење на сунѓерот на филтерот (15/3):
Истискајте го сунѓерот на филтерот а
потоа исперете го со сапун и вода. Да
не користите бензин или друг
растворувач!
Оставете го сунѓерот на филтерот да
се исуши темелно сѐ додека не
содржи повеќе вода. Влажниот филтер
може да доведе до тешко палење на
моторот.
3. Темелно избришете го куќиштето на
филтерот за воздух со крпа за бришење.
4. Замена на сунѓерот на филтерот (15/3):
Заменете го сунѓерот на филтерот ако
не е повеќе еластичен или се
раскинува.
5. Монтирање на филтерот за воздух:
Ставете го сунѓерот на филтерот
(15/3) на рамката (15/4).
Ставете го капакот на куќиштето од
филтерот за воздух (15/2) и затегнете
го.
Нашрафете ја завртката на филтерот
за воздух (15/1) сѐ додека не стои
цврсто капакот на куќиштето од
филтерот за воздух.
126 L | 126 B | 130 L | 130 B | 140 B | 140 L | 151 B
Одржување и нега

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents