Одржување; Промена На Годишно Време; Чистење На Уредот И Далечинскиот Управувач; Чистење На Филтерот За Воздух - Bosch Climate Class 6000i Operation Manual

Hide thumbs Also See for Climate Class 6000i:
Table of Contents

Advertisement

Одржување
5
Одржување
ВНИМАНИЕ
Опасност поради струен удар или подвижни делови
▶ Исклучете го уредот од струја пред одржувањето.
▶ Сите чекори за одржување што не се наведени овде треба да ги
извршува само сертифициран специјалист.
5.1
Промена на годишно време
Пред и по промената на годишните времиња, направете го следново
за да се загарантира правилна работа:
▶ Пуштете го уредот да работи во режим на самостојно чистење за
да се исуши.
▶ Уредот ќе запире по 90 минути; во спротивно, запрете го по
завршување на самостојното чистење со притискање на копчето
Stop на далечинскиот управувач и исклучете го заштитното коло.
▶ Проверете го филтерот за воздух и извадете го за да го исчистите.
▶ Повторно ставете го филтерот за воздух и проверете го влезот и
излезот за воздух дали има некакви препреки.
5.2
Чистење на уредот и далечинскиот управувач
HAПOMEHA
Уредот може да се оштети поради непрописно чистење!
▶ Не прскајте директно со вода или не потопувајте го во вода.
▶ Не користете жешка вода, абразивен прашок или јаки средства
за разредување.
▶ По чистењето, избришете ја внатрешната единица и
далечинскиот управувач со мека крпа.
▶ Надворешната единица треба да ја чисти само сертифициран
специјалист.
5.3
Чистење на филтерот за воздух
Филтерот треба да се чисти на секои две недели.
▶ Исклучете го уредот.
▶ Отстранете го филтерот за воздух така што ќе го отстраните од
дршките ( слика 3).
▶ Отстранете ја правта со правосмукалка.
▶ Исчистете го извалканиот филтер за воздух со топла вода и
умерено средство за чистење.
▶ Исушете го филтерот во сенка пред да го вратите.
▶ Вратете го филтерот така што куките на филтерот ќе влезат во
отворите на уредот ( слика 4).
106
5.4
Чистење на единица за плазма-кластер јони
(единица PCI)
Редовното чистење овозможува стабилно испуштање високи
концентрации на плазма-кластер јони. Чистете ја единицата PCI
( слика 5), [1] на секои 6 месеци.
▶ Исклучете го заштитното коло.
▶ Отворете ја преградата за воздухот.
Не е потребно отстранување на единицата PCI кај уреди тип
CLC6001i... поради чистење.
▶ Притиснете на бравата за PCI на горната страна ( слика 6), [1]
и свртете ја надолу.
▶ Поместете ја единицата PCI ( слика 7), [2] кон лево додека не
се совпадне со обете маркации [1]. Придржувајте ја единицата
PCI за тоа време за да спречите да не испадне.
▶ Извадете ја единицата PCI.
HAПOMEHA
▶ Не допирајте ги приклучните клеми ( слика 8), [2] на
единицата PCI.
▶ Внимавајте да не ја изобличите површината на електродите [1].
▶ Употребете ја четката PCI [3] или туферот (се набавува посебно)
за да ја отстраните насобраната прав околу електродата PCI [1].
ВНИМАНИЕ
Постои опасност четката PCI да ја проголтаат децата ако си
играат со неа.
▶ Чувајте ја четката понастрана од деца.
▶ За вградувањето, изведете ги чекорите наведени горе во
обратен редослед.
Ако има тврдокорни дамки, употребете го туферот со малку вода.
5.5
Замена на единицата за плазма-кластер јони
(единица PCI)
Заменете ја единицата PCI ако сината плазма-кластер сијаличка
затрепка 10 пати по пуштањето на клима уредот.
Сината плазма-кластер сијаличка трепка околу 1 минута по
пуштањето на уредот за да укаже дали единицата PCI престанала со
генерирање плазма-кластер јони.
▶ Обратете се кај вашиот продавач за да ја замените единицата PCI
со нова.
Climate Class 6000i/8000i – 6721831490 (2022/11)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents