Намалување На Бучава; Работа За Повеќе Простории; Режим На Самостојно Чистење; Сензор За Движења - Bosch Climate Class 6000i Operation Manual

Hide thumbs Also See for Climate Class 6000i:
Table of Contents

Advertisement

Комбинација на тајмер за вклучување и исклучување
Тајмерот за вклучување и исклучување може да се постави
истовремено. Секој тајмер може да се испрограмира да се активира
пред другиот.
▶ Поставете го тајмерот за вклучување и исклучување на уредот.
Поставките автоматски се комбинираат.
Пример:
• Актуелно време: 21:00
• Тајмер за исклучување во 11:00 навечер
• Тајмер за вклучување во 7:00 наутро
Стрелката (
или
) веднаш до индикаторот за тајмер покажува
кое време ќе биде активирано прво.
Не може да се испрограмира тајмерот за вклучување и исклучување
за уредот да работи со различни температури или други поставки.
3.11.3 Намалување на бучава
Оваа функција ја намалува бучавата на надворешната единица за
време на работата. Особено е корисна кога треба да ги земете
предвид соседите вечерно време.
▶ Притиснете го копчето
Запирање на функцијата:
▶ Повторно притиснете го копчето
За време на намалувањето на бучавата, одредени режими на работа
може да не го достигнат нивниот целосен потенцијал на моќност.
Нивото на бучава не се намалува ако е веќе доволно ниско кога
состојбата е стабилна.
3.11.4 Работа за повеќе простории
Работата за повеќе простории не може да се активира во автоматска
работа. Копчето е деактивирано.
Со притискањето на ова копче, клима уредот може да се користи за
ладење или затоплување на повеќе простории во дом со добра
изолација.
▶ Притиснете го копчето
– При греење, далечинскиот управувач покажува
– При ладење, далечинскиот управувач покажува
Аголот на решетката за струење на воздухот се менува во
позиција за дување на долго растојание. Далечинскиот
управувач покажува
и
Откажување на работата за повеќе простории:
▶ Повторно притиснете го копчето
Уредот работи со поголем број на вртежи на вентилаторот за да може
да го издува климатизираниот воздух подалеку. По 15 минути,
уредот го намалува малку бројот на вртежи на вентилаторот.
Копчето Fan се деактивира во овој режим на работа.
Ефективноста на оваа функција може да варира во зависност од
распоредот на просторите, позицијата на инсталација на уредот и
изолацијата на просторијата во прашање.
Climate Class 6000i/8000i – 6721831490 (2022/11)
за време на работата.
.
за време на ладење или греење.
.
.
.
.
3.11.5 Режим на самостојно чистење
Со режимот на самостојно чистење се намалува растот на мувлата со
помош на плазма-кластер јони и се суши внатрешноста на уредот.
Оваа функција се препорачува кога се менуваат годишните времиња.
▶ Притиснете го копчето Clean ако уредот не работи.
Далечинскиот управувач покажува
минута.
Засветува сината сијаличка за плазма-кластер на уредот.
Уредот се исклучува по 90 минути.
Откажување на режимот на самостојно чистење:
▶ Притиснете го копчето Stop.
Се гаси сината сијаличка за плазма-кластер на уредот.
Во режимот на самостојно чистење не може да се поставуваат
температурата, бројот на вртежи на вентилаторот, насоката на
дување на воздухот или тајмерот.
Ако веќе се има создадено мувла, имајте предвид дека нема да може
да ја отстраните со овој процес.
3.11.6 Сензор за движења
▶ Притиснете го копчето Eco за време на автоматската работа за да
се активира сензорот за движење ( слика 1, [6]).
Внатрешната единица се управува интелигентно зависно од
присуството / отсуството на луѓе и движење во просторијата.
• Функција при помала активност: ако сензорот не забележи
движење во период од 60 минути во просторијата, тогаш ќе се
намали моќноста на клима уредот. Штом повторно забележи
движење во просторијата, моќноста се враќа на нормална
вредност.
• Функција при зголемена активност: ако се забележи зголемена
активност низ просторијата, тогаш поставената температура се
намалува. Исто така, брзината на вентилаторот се зголемува во
режим на ладење. Ако се постави автоматско вертикално
нишање, тогаш насоката на дување на воздухот ќе биде
поставена дијагонално надолу.
Ако сензорот за движење не успее точно да забележи движење на
луѓе, причината за тоа може да е една од следниве:
• Нема движење подолг временски период (на пример, луѓето спијат,
во просторијата има само мало бебе или неподвижно лице).
• Само мал дел од кожата е изложен (на пример, лицето во
просторијата е покриено со ќебе, носи дебела облека или е
свртено со грб кон клима уредот).
• Не може да се откријат движења поради мебелот.
• Постои ниска разлика помеѓу температурата на просторијата и
телото (температура на просторијата над 30 °C.)
Ако сензорот за движење не успее точно да забележи движење на
едно или повеќе лица, причината за тоа може да е една од следниве:
• Се движат мали животни, како куче или маче.
• Во просторијата навлегува премногу сончева светлина
или топол воздух.
• Во просторијата има објект со висока температура, на пример,
греалка.
• Температурата во просторијата се менува премногу во краток
период.
Ракување
во период од една
103

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents