Одржување; Замена На Батериите; Чистење На Уредот И Далечинскиот Управувач; Чистење На Филтерот За Воздух - Bosch Climate 3000i Operating Instructions For Users

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 51
5
Одржување
ВНИМАНИЕ
Опасност поради струен удар или подвижни делови
▶ Исклучете го уредот од струја пред одржувањето.
▶ Сите чекори за одржување што не се наведени овде треба да ги
извршува само сертифициран специјалист.
5.1
Замена на батериите
Потребни ви се 2 батерии со големина AAA. Не се препорачува
употреба на батерии што може да се полнат.
▶ Отстранете го капачето за преградата за батерии ( Слика 3).
▶ Поставете нови батерии и внимавајте на точниот поларитет.
▶ Повторно вратете го капачето за преградата за батериите.
5.2
Чистење на уредот и далечинскиот управувач
HAПOMEHA
Уредот може да се оштети поради непрописно чистење!
▶ Не прскајте директно со вода или не потопувајте го во вода.
▶ Не користете жешка вода, абразивен прашок или јаки средства
за разредување.
▶ По чистењето, избришете ја внатрешната единица и
далечинскиот управувач со мека крпа.
▶ Надворешната единица треба да ја чисти само сертифициран
специјалист.
5.3
Чистење на филтерот за воздух
HAПOMEHA
Филтерот за воздух може да се изобличи ако се остави на директна
сончева светлина.
▶ Не поставувајте го филтерот за воздух на директна сончева
светлина.
Чистете го филтерот за воздух на секои 2 недели, како и пред или по
подолго време на неработење.
▶ Исклучете ја внатрешната единица.
▶ Кренете го капакот на внатрешната единица.
▶ Притиснете го и извадете го филтерот за воздух нагоре
( Слика 4).
▶ Извадете го малиот филтер за воздух, ако има таков
( Слика 1, [2]).
▶ Исчистете го малиот филтер за воздух со мала рачна
правосмукалка.
▶ Исчистете го големиот филтер за воздух со топла вода и умерено
средство за чистење и оставете го да се исуши во сенка.
▶ Вратете ги малиот и големиот филтер за воздух.
5.4
Подолго време на неработење
Ако треба уредот да биде надвор од употреба подолго време:
▶ Исчистете го филтерот за воздух.
▶ Активирајте го самостојното чистење на внатрешната единица со
копчето Clean.
▶ По самостојното чистење, оставете вентилаторот да работи
додека внатрешната единица не се исуши.
▶ Исклучете ја внатрешната единица од струја.
▶ Отстранете ги батериите од далечинскиот управувач.
▶ Заштитете го уредот од прашина.
Climate 3000i – 6721823682 (2021/02)
5.5
Режим на рачна работа
HAПOMEHA
Оштетување на уредот поради неправилно работење
Режимот на рачна работа на уредот не е наменета за постојана
употреба.
▶ Таа се применува само во случај на тестирање или во итен случај.
▶ Се употребува само кратко време.
▶ Исклучете ја внатрешната единица.
▶ Кренете го капакот на внатрешната единица.
▶ Притиснете го копчето за рачен режим на ладење со помош на
тенок предмет:
– Притиснете еднаш: се присилува автоматска работа.
– Притиснете двапати: се присилува ладење.
– Притиснете трипати: внатрешната единица се исклучува.
▶ За да го вратите уредот во нормален режим на работа,
употребете го далечинскиот управувач.
Одржување
119

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents