Други Функции; Поставување На Функција За Дување Во Повеќе Насоки; Вклучување На Индикаторот И Алармот (Mute Mode); Функции За Заштеда На Енергија - Bosch Climate 3000i Operating Instructions For Users

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 51
Ракување
3.6
Други функции
3.6.1
Поставување на функција за дување во повеќе насоки
HAПOMEHA
Кога перката за насочување на воздухот се задржува во најдолната
позиција подолг временски период за време на ладењето, може да
се појави кондензација. Рачното вертикално приспособување на
перката за насочување на воздухот може да предизвика дефект.
▶ Употребувајте го само далечинскиот управувач за да ја
приспособите вертикално перката за насочување на воздухот.
Хоризонтално движење на перката (лево/десно)
Хоризонталната позиција мора да се постави рачно.
▶ Исклучете ја внатрешната единица од струја.
▶ Спуштете ја надолу преградата за воздух ( Слика 2).
▶ Занишајте ја перката за насочување на воздухот со рака
хоризонтално во посакуваната позиција.
▶ Вратете ја преградата за воздух во оригиналната позиција.
Автоматско вертикално движење на перката (нагоре/надолу)
▶ Држете го копчето Swing притиснато подолго од 2 секунди за да
се активира вертикалното движење на перките.
На далечинскиот управувач ќе се појави симболот
▶ За да заврши автоматското вертикално движење на перките:
повторно притиснете го копчето Swing.
Позиција на чистење
За поедноставно чистење, можете да ја наместите перката за
насочување на воздухот во посебна позиција (зависно од моделот).
▶ Кога уредот е исклучен, држете ги притиснати истовремено
копчињата Mode и Swing во траење од една секунда.
▶ За да ја смените позицијата на чистење: повторно држете ги
двете копчиња притиснати.
3.6.2
Вклучување на индикаторот и алармот (Mute Mode)
▶ За да го вклучите или исклучите дисплејот на внатрешната
единица и алармот: притиснете го копчето LED.
▶ За да се прикаже актуелната собна температура: држете го
копчето LED притиснато 5 секунди.
▶ За да се прикаже поставената температура: држете го копчето
LED притиснато уште 5 секунди.
3.6.3
Функции за заштеда на енергија
Уредот ги нуди следните функции за заштеда на енергијата:
1)
• ECO
: работа со степен на вентилаторот AUTO и поставена
температура од најмалку 24 °C
• GEAR (75%): потрошувачката на струја се намалува за 25 %
• GEAR (50%): потрошувачката на струја се намалува за 50 %
• Ако нема ниту еден од симболите горе: нормална работа
▶ За да ја активирате функцијата за заштеда на енергија,
притискајте го копчето
функција.
Функцијата ECO се поставува автоматски на 24 °C ако однапред
поставената температура е пониска. Функцијата се исклучува ако
температурата падне под 24 °C.
1) Само при ладење
116
.
додека не се прикаже посакуваната
3.6.4
Намалување на бучава (Silent Mode)
Оваа функција ја намалува бучавата на внатрешната и
надворешната единица за време на работата. Особено е корисна
кога треба да ги земете предвид соседите вечерно време.
▶ Држете го копчето
во траење од 2 секунди за време на
работата.
Запирање на функцијата:
▶ Повторно држете го копчето
-или-
▶ Притиснете го копчето K, копчето Mode, копчето Turbo или
копчето Clean.
Кога надворешната единица работи тивко поради ниско-фреквентна
работа на компресорот, не се достигнува капацитетот на
компресорот за ладење/греење.
3.6.5
Индиректно дување на воздухот (Wind avoid me)
Со оваа функција се спречува директно дување на воздухот кон
луѓе.
Функцијата е достапна само во режимот за ладење, одвлажнување и
вентилатор.
3.6.6
Брзо ладење/загревање
При брзото ладење/загревање, внатрешната единица работи со
максимална моќност за просторијата да може брзо да се загрее или
излади.
▶ Брзо ладење: вклучете го ладењето и притиснете на копчето
Turbo.
▶ Брзо загревање: вклучете го греењето и притиснете на копчето
Turbo.
Запирање на функцијата:
▶ Повторно притиснете го копчето Turbo.
3.6.7
Самостојно чистење (I clean)
Уредот има функција за самостојно чистење на испарувачот. Со
самостојното чистење, правта, мувлата и замастеноста се
замрзнуваат. На крајот, сето тоа брзо се одмрзнува и се суши со
топол воздух.
▶ За да го активирате самостојното чистење: притиснете на
копчето Clean.
За време на самостојното чистење, дисплејот на внатрешната
единица прикажува CL. По 20 до 45 минути, самостојното
чистење автоматски завршува.
3.6.8
Заштита од мраз (8 °C Heating)
Заштитата од мраз може да се активира за да се одржува
температурата на најмалку 8 °C.
▶ За време на греењето 2x притиснете го копчето / во рок од 1
секунда.
Уредот останува исклучен додека температурата не падне
под 8 °C.
Запирање на функцијата:
▶ Притиснете го копчето K, копчето Mode, копчето Turbo или
копчето Clean.
Climate 3000i – 6721823682 (2021/02)
во траење од 2 секунди.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents