Skil GS1 0582 Series Original Instructions Manual page 181

Brushless cordless pole saw /pruner
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
пожар.
- исчистете го капачето на резервоарот за масло T и
областа околу него за да се осигурате дека не паѓа
нечистотија во резервоарот за масло
- поставете ја телескопската пила на нејзината
страна на цврста, рамна површина со капачето
на резервоарот T свртено нагоре. Завртете го
капачето на резервоарот за масло T спротивно од
стрелките на часовникот за да го извадите.
- истурете го маслото за лостот и синџирот во
резервоарот. Не дозволувајте маслото да се
излее од отворот. Не преполнувајте и оставете
приближно 5мм простор помеѓу нивото на маслото
и внатрешниот раб на резервоарот за да се
овозможи проширување. Избришете го вишокот
масло.
- заменете го и прицврстете го капачето Т
! употребувајте само биоразградливо масло за
синџир
! за да спречите истекување на маслото
кога пилата не се користи, испразнете го
резервоарот за масло по секоја употреба, а
потоа пуштете ја пилата една минута
! за да спречите 'рѓа на синџирот и запчаникот
на лостот, проверете дали синџирот е малку
подмачкан пред да го чувате подолг временски
период
Вклучено/Исклученоl
- притиснете и задржете го копчето за исклучување,
а потоа притиснете го прекинувачот за активирање
за да ја вклучите пилата
- ослободете го копчето за заклучување и
продолжете да го притискате прекинувачот за да
продолжите со работа
- исклучете ја машината со ослободување на
прекинувачот за активирање
Работа со машината
- секогаш држете ја телескопската пила со двете
раце: со едната рака на задната дршка E и со
другата рака на помошната дршка L;
! телескопската пила мора да се движи со полна
брзина пред да го допре дрвото
- не применувајте сила врз синџирот додека сечете;
оставете го синџирот да работи
- користете ја телескопската пила само ако стоите
безбедно
! осигурете се дека ракавите со навој на
стаповите се целосно прицврстени пред да
ракувате со машината. Повремено проверете
дали се прицврстени во текот на употребата за
да избегнете сериозна лична повреда.
! внимавајте предметот кој се сече да
не ја надмине должината на сечење на
телескопската пила која се користи. Врвот на
водечкиот лост секогаш се протега најмалку
2» (50 мм) надвор од контурите на дрвениот
трупец.
! внимавајте синџирот на пилата да не ја допира
земјата или кои било други предмети
Основно сечење za
- направете прв плиток засек (1/4 од дијаметарот на
гранката) на долната страна на гранката, близу до
главната гранка или трупецот zb
- направете втор засек од горната страна на
гранката, кон надворешната страна од првиот
засекzb. Продолжете го засекот низ гранката
додека гранката не се оддели од дрвото. Бидете
подготвени да одржите рамнотежа во однос на
тежината на машината кога гранката ќе падне.
- направете го конечниот засек близу до трупот zb
- пуштете го прекинувачот за активирање штом ќе
завршите со сечење
- за вториот и завршните засеци (од врвот на
големата или малата гранка), со запците за фаќање
АЈ држете ја гранката која се сечe zc
Сечење на гранки и поткастрување
- оваа телескопска пила е наменета за
поткастрување на мали и големи гранки со
дијаметар од најмногу 200 мм
! сечете ги гранките на делови за да осигурите
дека нема да ве удрат гранките што паѓаат или
дека гранките нема да отскокнат од земјата
! не стојте директно под гранката која ја сечете
- позиционирајте ја телескопската пила на агол од
60° или помалку, во зависност од специфичната
ситуација
- остранете ги долгите гранки во неколку фази
- прво исечете ги пониските гранки за да направите
повеќе место за паѓање на горните гранки
- работете полека, цврсто држејќи ја пилата со двете
раце. Одржувајте цврст став и рамнотежа
- додека ги сечете гранките дрвото нека биде помеѓу
Вас и пилата. Сечете од страната на дрвото која е
спротивна на гранката која ја сечете
! не сечете качени на скалило. Оставете ги
таквите активности за професионалци.
! немојте да сечете до самиот раб на главната
гранка или трупот додека не сте отсекле
доволен дел од гранката за да ја намалите
тежината.
! не ја употребувајте телескопската пила за
соборување или сечење дрва на делови
! не работете на растојание помало од 15м од
водови над глава
! држете ги другите лица на растојание од
најмалку 15м
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Оваа машина не е наменета за професионална
употреба
! пред да извршите какво било одржување,
транспортирање или складирање, запрете го
моторот и извадете ја батеријата од машината
! секогаш користете ракавици кога работите со
лостот и синџирот
! никогаш не допирајте го или прилагодувајте го
синџирот додека работи моторот
Секогаш одржувајте ја машината чиста
- по секоја употреба, исчистете ги остатоците
од синџирот и водечкиот лост со мека четка.
Избришете ја површината на телескопската пила
со чиста крпа натопена со благ раствор од сапун.
- извадете ја страничната заштита, а потоа
користете мека четка за да ги отстраните
остатоците од водечкиот лост, синџирот на пилата,
181

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

05820582ca

Table of Contents