Skil GS1 0582 Series Original Instructions Manual page 177

Brushless cordless pole saw /pruner
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
понатамошно упатување.
Поимот „машина", кој се користи во предупредувањата,
се однесува на вашата машина (со приклучен кабел)
која се вклучува во утикач или на машина со погон на
батерии (без приклучен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го работното место чисто и добро
осветлено. Неуреден или темен работен простор
може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со машини во средини во
кои има опасност од експлозија, како на пример
во кои има запалливи течности, гасови или
прашина. Машините создаваат искри коишто може
да запалат прашина или испарувања.
c) Држете ги децата и другите лица подалеку
додека ракувате со машина. Може да изгубите
контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за машината мораат да
одговараат на штекерот. Никогаш на никаков
начин не го менувајте приклучокот. Не користете
никакви адаптери за приклучоци со (заземјени)
машини. Немодифицираните приклучоци и
соодветните штекери ќе ја намалат опасноста од
струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени
површини, како што се цевки, радијатори,
шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност
од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.
c) Не ги изложувајте машините на дожд или влага.
Продирањето на вода во машината ќе ја зголеми
опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за
напојување. Никогаш не го користете кабелот
за напојување за носење, влечење или
исклучување на машината. Чувајте го кабелот за
напојување подалеку од топлина, масло, остри
ивици или подвижни делови. Оштетените или
заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат
опасноста од струен удар.
e) Кога ја употребувате машината надвор,
користете продолжен кабел кој е соодветен за
употреба на отворен простор. Користењето на
кабел соодветен за работа на отворен простор ја
намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со
машината во влажна средина, користете
заштитен уред што работи на резидуална струја
(RCD). Употребата на RCD ја намалува опасноста од
струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите
и постапувајте разумно додека работите со
машината. Никогаш не работете со машина ако
сте уморни или под влијание на дрога, алкохол
или лекови. Момент на невнимание при работење
со машини може да доведе до сериозна лична
повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштитни очила. Носењето на заштитна опрема,
како што е маска за прашина, безбедносни обувки
кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за
уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат
опасноста од лични повреди.
c) Спречете случајно вклучување. Осигурете
се дека прекинувачот е на позицијата off
(исклучено) пред приклучувањето на изворот
на напојување и/или батеријата, подигнувањето
или носењето на машината. Носењето на машини
со вашиот прст на прекинувачот или вклучување
на електрични алати со прекинувачот поставен на
позиција on (приклучено) доведува до несреќи.
d) Пред вклучување на машината отстранете
ги сите клучеви за подесување или алати за
навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен
на ротациониот дел на машината, може да доведе до
лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело
време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да ја контролирате
машината во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Чувајте ги косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може да се фатат
во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување
на апарати за вшмукување и собирање прашина,
осигурете се дека тие се правилно приклучени
и користени. Користењето на уреди за собирање
прашина може да ги намали опасностите поврзани
со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со
честата употреба на машините да ве направи
невнимателни и да ги игнорирате безбедносните
принципи за машините. Невнимателната активност
може да предизвика сериозна повреда во дел од
секунда.
4) УПОТРЕБА НА МАШИНИ И ГРИЖА ЗА НИВ
a) Не преоптоварувајте ја машината. Користете ја
правилната машина наменета за вашата работа.
Со соодветната машина ќе ја завршите работата
подобро и побезбедно во однос на тоа за што е
наменета.
b) Не користете ја машината ако прекинувачот не
може правилно да се вклучи и исклучи. Секоја
машина која не може да се контролира со помош на
приклучок е опасна и мора да се поправи.
c) Исклучете ја машината од струја и/или
извадете го комплетот со батерии од машината,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна
опрема или да ги складирате машините. Со
овие превентивни безбедносни мерки се намалува
опасноста од случајно вклучување на машината.
d) Складирајте ги машините во мирување надвор
од дофатот на деца и не им допуштајте работа
со машината на лица кои не се запознаени со
неа или кои го немаат прочитано ова упатство
за ракување со машината. Машините се опасни
доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги машините и дополнителната
опрема. Проверете дали има изместување
или заглавување на подвижните делови, дали
177

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

05820582ca

Table of Contents