Skil GS1 0582 Series Original Instructions Manual page 178

Brushless cordless pole saw /pruner
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
некои делови се скршени или се во некоја друга
состојба што влијае врз работата на машината.
Ако е оштетена, однесете ја машината на
поправка пред да ја користите. Многу несреќи се
случуваат заради неодржувани машини.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно се
контролираат.
g) Машината, дополнителната опрема, работните
алати итн., треба да ги користите според овие
упатства, земајќи ги во предвид работните
услови и работата која треба да се заврши.
Употребата на машината за работи што се поинакви
од нејзината намена може да доведе до опасна
ситуација.
h) Одржувајте ги дршките и површините за
фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив.
Дршките и површините за држење што се лизгаат
не овозможуваат безбедно ракување и контрола на
машината во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНА НА БАТЕРИИ И ГРИЖА
ЗА НЕА
a) Вршете полнење само со полначот што е
пропишан од страна на производителот. За
полначот кој е соодветен за еден вид на батерии,
постои опасност од пожар, доколку се употребува со
други батерии.
b) Користете ги машините само со посебно
назначени батерии. Користењето на било кои други
батерии може да доведе до опасност од повреда и
пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
навртки или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска
помош. Течноста која истекува од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или
машина којашто е оштетена или изменета.
Оштетените или изменетите батерии можат да
реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар,
експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или
машината на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или машината
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Машината сервисирајте ја кај квалификувано
лице кое користи само идентични резервни
делови. Ова ќе осигури дека се одржува
безбедноста на машината.
b) Никогаш не ги сервисирајте оштетените батерии.
Поправката на комплетите со батерии треба да
ја врши само производителот или некој овластен
сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ТЕЛЕСКОПСКА ПИЛА
a) Делови од телото не смеат да дојдат близу
синџирот на пилата. Не отстранувајте поткастрен
материјал и не држете материјал што треба да
се поткаструва додека синџирот на пилата се
движи. Осигурете се дека машината е исклучена
и дека батеријата е отстранета кога чистите
заглавен материјал. Момент на невнимание при
работење со телескопска пила може да доведе до
сериозна лична повреда.
b) Држете ја машината само на изолираните
површини за држење затоа што синџирот на
пилата може да дојде во контакт со скриени
жици. Ако синџирите на пилата дојдат во контакт
со жица под напон, може да ги електрифицираат
металните делови на машината и да предизвикаат
струен удар кај операторот.
c) Одржувајте цврст зафат на алатот со двете раце
на телескопската пила и поставете ги телото и
раката на тој начин со којшто ќе си овозможите
да ја издржите силата на повратниот удар.
Ракувачот може да ги контролира реакциите
од силата на повратниот удар ако ги преземе
неопходните безбедносни мерки. Не ја испуштајте
телескопската пила.
d) Кога сечете гранка, внимавајте на повратен удар.
Кога гранката е зафатена, таа може да се свитка
надолу и да го заглави синџирот на пилата.
e) Носете ја телескопската пила исклучена,
секогаш со двете раце, а синџирот на пилата
со прицврстен штитник, подалеку од Вас.
Правилното ракување со телескопската пила ќе ја
намали можноста од случаен контакт со синџирот на
пилата кога тој се движи.
f) Не работете со телескопската пила на дрво.
Работата со телескопската пила додека се качувате
на дрво или се наоѓате на дрво може да доведе до
лична повреда.
g) Секогаш одржувајте соодветен став и работете
со телескопската пила само на фиксна,
безбедна и рамна површина. Лизгавите или
нестабилни површини како што се скалила може
да предизвикаат да ја загубите рамнотежата или
контролата врз телескопската пила.
h) Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот или за менување на
дополнителната опрема. Неправилно затегнат или
подмачкан синџир може или да се скине или да ја
зголеми можноста од повратен удар.
i) Одржувајте ги дршките суви, чисти и без масло и
маст на нив. Замастените, мрсни дршки се лизгави
и може да предизвикаат да ја загубите контролата.
178

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

05820582ca

Table of Contents