Makita DCL184 Instruction Manual page 50

Cordless
Hide thumbs Also See for DCL184:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
► Сл.4: 1. Копче ВКЛУЧИ/промени брзина 2. Копче
ИСКЛУЧИ
За да ја стартувате правосмукалката, едноставно
притиснете го копчето ВКЛУЧИ/промени брзина. За
исклучување, притиснете го копчето ИСКЛУЧИ.
Брзината на правосмукалката може да ја менувате
во три чекори со притискање на копчето ВКЛУЧИ/
промени брзина.
Првото притискање на ова копче е за режим со
голема брзина, второто за режим со максимална
брзина, а третото за нормална брзина. Секое
притискање на ова копче го повторува циклусот
голема/максимална/нормална брзина наизменично.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Вреќа за прав и хартиен филтер
Монтирајте вреќа за прав или хартиен филтер пред
да започнете со употреба на правосмукалката.
Користете го запирачот на прав кога имате
монтирано вреќа за прав или хартиен филтер.
Вреќата за прав може да се користи повеќекратно
притоа чистејќи ја.
Хартиениот филтер служи за една употреба и се
фрла во отпад по употребата. Кога ќе се наполни,
фрлете го во отпад целиот хартиен филтер без да го
празните.
ЗАБЕЛЕШКА:
За да спречите влегување прав
во моторот:
Пред употребата, проверете дали
се монтирани вреќата за прав или
хартиениот филтер.
Вметнете го запирачот на прав заедно со
вреќата за прав или хартиениот филтер
до крај во отворите кога ги монтирате.
Не користете оштетена или скината вреќа.
Во спротивно, моторот може да се оштети.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не виткајте го картонот
на отворот на хартиениот филтер кога го
монтирате.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не фрлајте го
запирачот на прав бидејќи тој треба да се
користи секогаш кога се користи вреќата за
прав или хартиениот филтер.
ЗАБЕЛЕШКА:
Хартиениот филтер за
правосмукалката е важна компонента за
одржување на перформансите на алатот.
Употребата на хартиен филтер што е поинаков
од оригиналниот може да предизвика чадење
или палење.
Монтирање на вреќата за прав
Користете го запирачот на прав кога ја монтирате
вреќата за прав. Внимавајте да не ги побркате
горната и долната страна, бидејќи се разликуваат
меѓу себе.
► Сл.5: 1. Горна страна на запирачот на прав
2. Долна страна на запирачот на прав
1.
Вметнете го испакнатиот дел од вреќата за
прав во жлебот на запирачот на прав како што е
покажано на сликата.
Вреќата за прав нема разлика помеѓу горната и
долната страна. Може да го вметнете испакнатиот
дел од која било страна во жлебот на запирачот на
прав.
► Сл.6: 1. Запирач на прав 2. Жлеб 3. Вреќа за
прав
2.
Преклопете ја рамката на запирачот на прав со
таа на вреќата за прав.
► Сл.7
3.
Поставете ги запирачот на прав и вреќата за
прав заедно во празнината на правосмукалката
во иста насока на стрелката на запирачот на прав.
Вметнете ги до крај во отворите во празнината на
правосмукалката.
► Сл.8: 1. Отвор
4.
Поставете го целиот дел од платното на
вреќата за прав внатре во самата правосмукалка.
► Сл.9
5.
Целосно затворете го капакот на кутијата за
прав.
► Сл.10: 1. Капак на кутијата за прав
НАПОМЕНА: Кога вреќата за прав не е
инсталирана во правосмукалката, капакот на
кутијата за прав не се затвора целосно.
Монтирање на хартиениот филтер
Користете го запирачот на прав и кога го монтирате
хартиениот филтер. Внимавајте да не ги побркате
горната и долната страна, бидејќи се разликуваат
меѓу себе.
► Сл.11: 1. Горна страна на запирачот на прав
2. Долна страна на запирачот на прав
1.
Одвиткајте го влезот на хартиениот филтер
пред да го поставите на запирачот на прав.
► Сл.12
2.
Вметнете го испакнатиот дел од хартиениот
филтер во жлебот на запирачот на прав како што е
покажано на сликата.
Хартиениот филтер нема разлика помеѓу горната и
долната страна. Може да го вметнете испакнатиот
дел од која било страна во жлебот на запирачот на
прав.
► Сл.13: 1. Запирач на прав 2. Жлеб 3. Хартиен
филтер
3.
Преклопете ја рамката на запирачот на прав со
онаа на хартиениот филтер.
► Сл.14
50 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents