Download Print this page

Stiga E 300 Li 40 Series Operator's Manual page 235

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for E 300 Li 40 Series:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 109
9.
СКЛАДИРАЊЕ
9.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Складирајте ја машината исклучиво
во хоризонтална позиција и безбедно
поставена на земјата. Не ја складирајте
машината во исправена положба.
Кога машината треба да се одложи:
1.
Оставете го моторот да се олади
2.
Извадете го безбедносниот клуч.
3.
Извадете го акумулаторот од куќиштето
и наполнете го (пас 7.2.2).
Исчистете ја машината (пас. 7.3).
4.
5.
Уверете се дека нема делови кои се оштетени
или не се прицврстени. Ако е потребно,
заменете ги оштетените делови и затегнете
ги разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте го овластениот сервисен центар.
6.
Олабавете ги навртките на долниот дел од
рачката (сл. 22.A), без целосно да ги одвртите.
7.
Внимателно ротирајте ја рачката нанапред
додека да допре до шасијата за да не
го оштетите кабелот за струја.
8.
Олабавете ги навртките на горниот дел од
рачката (сл. 22.B), без целосно да ги одвртите.
9.
Преклопете го назад горниот дел од рачката, и
внимавајте да не го оштетите кабелот за струја.
10. Складирајте ја машината:
– на суво место;
– заштитена од лошите временски услови;
– по можност покриена со прекривка;
– подалеку од дофат на деца;
– уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
9.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без директна
сончева светлина, на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг
период, полнете го акумулаторот секои два
месеца за да ѝ се продолжи рокот на траење.
10. РАКУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
– застанете ја машината (пас. 6.5);
– извадете го безбедносниот клуч;
– проверете дали сите делови што се
движат се целосно застанати;
– носете заштитни ракавици за работа;
– држете ја машината за точките што
нудат безбеден фат, земајќи ја предвид
тежината и нејзината намена;
– ангажирајте соодветен број луѓе во согласност
со тежината на машината и карактеристиките
на возилото за транспорт или за местото на
кое треба да се донесе или земе истата;
– уверете се дека машината при нејзината употреба
нема да предизвика штета или повреди.
Кога ја транспортирате косилката со
возило или приколка, секогаш:
1.
користете подигнувачка платформа со
соодветна јачина, ширина и должина,
2.
спуштете го склопот на сечилото;
3.
поставете ја така што нема да
биде опасност за никого;
4.
прицврстете ја за транспортното средство со
помош на јажиња или синџири за да не се преврти.
11. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и за
правилно одржување што ги извршува корисникот.
Сите интервенции и одржувања на косилката што
не се дадени во ова упатство треба да се извршат
од страна на Дилерот или Овластениот сервисен
центар, бидејќи имаат големо познавање и ракуваат
со потребната опрема за правилно извршување
на работата, земајќи го предвид соодветниот
степен на безбедност и состојбата на косилката.
Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани лица
придонесуваат да се прекине важноста на
гаранција и обврските на Производителот.
• Одржувањата и поправките под гаранција смее
да ги врши само Овластениот сервисен центар.
• Овластените сервисни центри користат само
оригинални резервни делови. Оригиналните
резервни делови и дополнителна опрема се
специјално дизајнирани за машината.
• Резервните делови и дополнителната опрема
коишто не се одобрени, употребата на резервни
делови и дополнителна опрема коишто не се
оригинални ја нарушуваат безбедноста на
машината и го ослободуваат Производителот
од секоја обврска или одговорност.
• Се препорачува да ја носите косилката една
годишно во Овластениот сервисен центар за
сервисирање и безбедносна проверка.
MK - 11

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

E 340 li 40 seriesE 380 li 40 series