Download Print this page

Stiga E 300 Li 40 Series Operator's Manual page 234

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for E 300 Li 40 Series:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 109
ЗАБЕЛЕШКА Акумулаторот е опремен со
штитник што спречува повторно полнење ако
температурата на околината не е помеѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Акумулаторот може
да се полни во секое време, дури и
половично, без ризик од оштетување.
7.2.3
Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
Извадете го акумулаторот од куќиштето
1.
на полначот за акумулатор (не го полнете
откако веќе целосно ќе се наполни);
2.
Исклучете го полначот за акумулатор од струја;
3.
Отворете го капакот на куќиштето на
акумулаторот (сл.20.A), вметнете го
акумулаторот (сл.20.B) во куќиштето и
притиснете надолу додека не кликне, и потоа
проверете го електричниот контакт;
4.
Затворете ја докрај вратичката.
7.3
ЧИСТЕЊЕ
По секоја употреба, исчистете ја косилката
според следните упатства.
7.3.1
Чистење на косилката
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на
моторот и на електричните делови (сл.21).
• Не користете абразивни течности
за чистење на шасијата.
• За да го намалите ризикот од запалување,
одржувајте ги машината, а особено моторот без
остатоци од трева, листови и прекумерно масло.
7.3.2
Чистење на уредот на сечилото
Отстранете ги остатоците од трева и кал што се
наталожиле од внатрешната страна на куќиштето
за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии
при подоцнежно палење заради исушување.
Закосете ја машината на страна и проверете
дали машината е стабилна пред да
направите каква било интервенција.
7.3.3
Чистење на корпата за трева
1.
Испразнете ја корпата за трева;
2.
Протресете ја за да ги отстраните
остатоците од трева и земја;
3.
Измијте ја, исплакнете ја и повторно
вратете ја за побрзо да се исуши.
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови треба да
бидат добро прицврстени за да се осигурате
дека опремата е безбедна за работа.
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да почнете со проверките, чистење
или одржување/прилагодување на косилката:
• Запрете ја машината;
• Извадете го безбедносниот клуч, (никогаш
не го оставајте клучот во клучалката, или
на дофат на деца, или неовластени лица);
• проверете дали сите делови што се
движат се целосно застанати;
• оставете го моторот да се олади пред да ја
складирате машината во затворен простор;
• прочитајте го соодветното упатство;
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
8.1
СЕЧИЛО
Несоодветно наострено сечило ја корне тревата
и доведува до пожолтување на тревникот.
Не допирајте го уредот со сечивото
ако не сте го извадиле клучот и ако уредот
со сечивото не е застанат докрај.
Сите активности околу сечилото
(расклопување, острење, балансирање,
поправка, повторно монтирање и/или замена) се
сложени работи, и за нив се потребни посебни
вештини, и соодветни алати; Од безбедносни
причини, овие работи треба да се извршат од
страна на Овластениот сервисен центар.
Секогаш менувајте ги оштетените,
извитканите или изабените сечила,
заедно со навртките и завртките, за да
се осигурате дека ќе се услогласат.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални
сечила кои го содржат кодот даден во
делот за „Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите со
сечивото наведени во табелата „Технички
податоци" треба со време да се заменат
со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
MK - 10

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

E 340 li 40 seriesE 380 li 40 series