Download Print this page

Stiga E 300 Li 40 Series Operator's Manual page 227

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for E 300 Li 40 Series:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 109
лице, пристапете веднаш кон постапката за давање
најсоодветна прва помош за дадената состојба и
обратете се во соодветен центар за здравствена
заштита за неопходно лекување. Отстранете ги
темелно сите остатоци од косењето што може да
предизвикаат дефект или повреди на лица или
животни ако останат незабележано во машината.
Ограничувања на употребата
• Никогаш не ракувајте со машината кога
обезбедувачите се оштетени, нецелосни
или неправилно монтирани (корпа за трева,
обезбедувачи за странично исфрлање,
обезбедувачи за задно исфрлање).
• Не користете ја машината ако
дополнителната/помошната опрема не
се поставени на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете
ги манометарот и безбедносните
системи/микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на непотребни
сили и не користете мала машина за
изведување тешки работи; адекватно
користење на машината го намалува ризикот
и го подобрува квалитетот на работата.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со
користени или оштетени делови. Оштетените
или дефектните делови треба да се
заменат, никогаш да не се поправаат.
• Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба
на машината. Употребата на елемент за косење
којшто не е стабилен, движењето со преголема
брзина, неодржувањето на машината, значително
влијаат врз емисијата на бучава или вибрации.
Затоа, неопходно е да применувате заштитни
мерки за да елиминирате можни оштетувања
заради зголемена бучава или значителни вибрации;
одржувајте ја машината редовно, носете слушалки
против бучава и правете паузи во работата.
Складирање
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
2.5
БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА АКУМУЛАТОРОТ
ВАЖНО Следните безбедносни инструкции
ги опфаќаат безбедносните барања наведени во
даденото упатство за акумулаторот и полначот на
акумулаторот што се доставува заедно со косилката.
• Користете само полначи за полнење на батериите
што ги препорачува производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да предизвика
електричен удар, прегревање или протекување
на корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации
што се предвидени за вашиот апарат.
Употреба на други батерии може да
предизвика повреди и ризик од пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја
ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен
електричен апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли,
навртки и други мали метални предмети што
може да предизвикаат краток спој на контактите.
Краток спој на контактите на батеријата
може да доведе до експлозија и пламен.
• Не користете го полначот за батеријата на места
каде има гасови, запаливи супстанци или лесно
запаливи површини, како што се хартија, ткаенина
и слично. За време на полнењето, батеријата
се загрева и може да предизвика оган.
• За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу
себе и не користете метални кутии за транспорт.
2.6
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да е
приоритет при користење на косилката, и да биде
од корист за граѓаните и за животната средина.
• Избегнувајте да го вознемирувате соседството.
Користете ја машината само во разумно
време (не многу рано наутро и доцна навечер
кога може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони за фрлање
на амбалажата, делови во распаѓање или какви
било елементи со штетно влијание врз животната
средина овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре,
туку треба да бидат разделени и да се достават
до соодветни центри за собирање на истите, кои
ќе се погрижат за рециклирање на материјалите.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање
на материјалите што се резултат на сечењето
• Кога косилката ќе се расипе, не ја
исфрлајте надвор, туку однесете ја во
депонијата за отпадни материјали, согласно
позитивните локални одредби.
Не фрлајте ги електричните апарати заедно
со домашен отпад. Во согласност со
директивата на ЕУ 2012/19/EU, отпадот што
се состои од електрични и електронски
апарати е ваша одговорност и, во согласност
со националните одредби, електричните апарати за
фрлање треба да се фрлат засебно за да може
подоцна повторно да се употребат на еко-
компатибилен начин. Ако електричните апарати се
одложат на ѓубриште или на земја, штетните состојки
може да стапат во контакт со елементите во почвата и
да навлезат во синџирот на исхрана, со што ќе се
нарушат вашето здравје и благосостојбата. За
подетални информации околу фрлањето на овој
производ, контактирајте со компетентни институции
за фрлање домашен отпад или со застапникот.
MK - 3

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

E 340 li 40 seriesE 380 li 40 series