Download Print this page

Stiga E 300 Li 40 Series Operator's Manual page 228

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for E 300 Li 40 Series:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 109
Откако ќе ѝ помине рокот на употреба,
извадете ја батеријата обрнувајќи внимание
на животната средина. Батеријата содржи
материјал што е опасен за вас и за
средината. Треба да се извади и расклопи во
засебен сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите и
искористените пакувања овозможува
рециклирање на материјалите и повторна
употреба. повторната употреба на
рециклираните материјали спречува штета
на животната средина и ја намалува потребата за
примарни материјали.
3.
ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА
3.1
ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Оваа машина е тревокосачка со
оператор што се движи.
Машината во основа се состои од мотор којшто
ги придвижува сечилата затворен во куќиште,
и исто така е опремена со тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со
машината и да ги вклучува главните команди
држејќи се секогаш зад ракофатот и на безбедно
растојание од ротирачкиот уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од
машината предизвикува запирање на и на
ротирачкиот уред по неколку секунди.
3.1.1
Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за косење
(и собирање) трева во градина и тревни површини,
со висина според нејзиниот капацитет за косење,
управувана од оператор кој оди зад неа.
Генерално, оваа косилка може:
1.
да коси трева и остатокот да го
собере во корпата за трева;
2.
да коси трева и да ја исфрли на
земјата преку задниот отвор;
3.
да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли на
земја (ефект на мулчирање - доколку има).
Употребата на одредена дополнителна опрема
којашто ја предвидел производителот како
оригинална опрема и делови што се набавуваат
засебно, дозволуваат да ја завршите оваа
работа на различни начини, дадени во ова
упатство, и во упатството што се доставува
со дадената дополнителна опрема.
3.1.2
Несоодветна употреба
Секоја различна употреба од горенаведената може
да биде опасна и/или да предизвика штети на лица
или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба
(како пример, но не се ограничува на следното):
– Транспортот на други лица, деца или животни
со машината, може да доведе истите да паднат
и да се здобијат со тешки повреди или да го
попречат безбедното управување на операторот;
– Транспорт на лица со машината;
– Употреба на машината за влечење
или буткање товар;
– Вклучување на сечилата врз површини без трева;
– Употреба на машината за собирање
на лисја или остатоци;
– Употреба на машината за поткастрување на
живи огради, или за косење на други растенија;
– Употреба на машината од страна на повеќе луѓе;
ВАЖНО Неправилното користење на машината
ја поништува гаранцијата и го ослободува
Производителот од секаква одговорност, и
целата одговорност за штета или повреда на
корисникот или трети лица, паѓа на корисникот.
3.1.3
Тип на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници,
т.е. оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за непрофесионална употреба.
ВАЖНО Машината мора да се
користи само од еден корисник.
3.2
ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
функција е да го потсетат корисникот на
неопходноста од внимателна употреба.
Значење на симболите:
ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи
ознаки мора да се заменат. Нарачајте резервни
ознаки од Овластен сервисен центар.
MK - 4
Предупредување: Прочитајте ги
упатствата пред употреба.
Опасност! Ризик од исфрлени
предмети: За време на
користењето на машината, сите
луѓе треба да бидат надвор од
работната област.
Опасност од сечење. Сечилата
се во движење. Не ги ставајте
рацете или нозете во куќиштето
на сечилата.
Бидете внимателни при
користење на сечилата: Не ги
ставајте рацете или нозете во
куќиштето на сечилото. Уредот со
сечивото продолжува да се врти
и по исклучување на моторот.
Извадете го безбедносниот клуч
(уредот за деактивирање) пред да
се врши одржувањето.

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

E 340 li 40 seriesE 380 li 40 series