Download Print this page

Bosch BT-ANGLEEXACT Series Original Instructions Manual page 288

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 18
288 | Македонски
обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
момент.
Вртежниот момент поставете го само во
u
наведените граници на јачина, инаку нема да
одговара на спојката за исклучување.
LED-приказ
Приказ на наполнетоста на батеријата
Доколку е потребно полнење на батеријата
(18) LED-приказот (11) трепка зелено и се
слуша акустичен сигнал. Можни се само 6 –
8 завртувања.
Доколку LED-приказот свети црвено, капацитетот нема да
биде доволен за ново завртување на спојници или
електричниот алат е преоптоварен. Електричниот алат не
може да се вклучи. Блокадата при вклучување останува
активна, сè додека не се извади батеријата од
електричниот алат и повторно не се стави наполнета
батерија.
Доколку работите со струен адаптер, црвениот LED-
приказ (11) покажува преоптоварување.
Доколку LED-приказот (11) трепка црвено, електричниот
алат е прегреан и престанал да работи. Почекајте додека
трепкањето не престане автоматски по некое време,
пред повторно да го вклучите електричниот алат.
Скратеното време на работа на електричниот алат по
полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и
мора да се замени. Употребените батерии отстранете ги
според законските/одредбите во зависност од земјата.
Напомена: Ако наместо батеријата (18) користите
струен адаптер и регулатор на напон 4EXACT LED-
приказот (11) е без функција.
Приказ за завртување на спојниците
Со постигнување на претходно поставениот
вртежен момент, исклучната спојка се
отпушта. LED-приказот (9) свети зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот (9) свети црвено и се слуша
звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се
изведе уште еднаш.
Приказ за Bluetooth®-врска
Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(12), за да се активира Bluetooth®-врската. Црвениот
LED-приказ (10) трепка, дури одвртувачот бара врска.
Постојаното црвено светло на LED-приказот (10)
прикажува дека има Bluetooth®-врска. Одвртувачот е сѐ
уште блокиран.
Ако се извади одвртувачот од базната станица
EXAConnecT се гаси LED-приказот (10).
LED-приказот (10) трепка само по кратко притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување и се гаси
штом снабдувањето со електрична енергија на
одвртувачот веќе не е потребно за поврзување.
Заштита од рестартирање
Доколку при завртувањето на спојниците се активира
спојката за исклучување, моторот се исклучува.
1 609 92A 4V2 | (13.02.2019)
Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди
пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување
на веќе фиксираните спојници.
Подесување на аголната глава на одвртувачот
BT-ANGLEEXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15 | 17 | 23 | 30
Аголната глава на одвртувачот (3) може да ја подесите во
вкупно осум позиции.
Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч
(6) на површината на клучот (5) прирабницата на
аголната глава.
Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на
u
телото на куќиштето.
Со вилушкаст клуч (4) олабавете ја преклопната навртка
на површината на клучот (16). Поставете ја аголната
глава на одвртувачот (3) за околу 45° во саканата
позиција, и со вилушкастиот клуч (4) повторно затегнете
ја преклопната навртка на површината на клучот (16).
Притоа, со вилушкастиот клуч (6) држете наспроти
прирабницата на аголната глава.
Подесување на LED-работното светло (види слика J)
BT-ANGLEEXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15 | 17 | 23 | 30
Притиснете го прстенот за обележување (19) со тенок
одвртувач, шпатула или слично. Притиснете го
сигурносниот прстен (33) со клешти за сигурносен
прстен наназад на телото на куќиштето.
Двете половини на телото на LED-држачот (15), кои го
опфаќаат LED-работното светло (20) може да се постават
во која било сакана позиција. Внимавајте на тоа, да не го
оштетите кабелот на LED-работното светло и вметнете го,
без да го виткате, во предвидената шуплина (34) во
телото на куќиштето. Повторно опфатете го LED-
работното светло (20) со двете тела на куќиштето на LED-
држачот (15).
Повторно притиснете го назад сигурносниот прстен (33)
и прстенот за обележување (19) во првобитната
позиција.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Подмачкување на електричниот алат
средство за подмачкување:
Специјална маст за погони (225 ml)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

loading