Bosch GCM 8 SJL Original Instructions Manual page 265

Hide thumbs Also See for GCM 8 SJL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 23
OBJ_BUCH-1736-003.book Page 265 Thursday, August 14, 2014 1:18 PM
Проверете: (види слика U1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила 15.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика U2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
55 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 40.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 55.
Доколку показателот на агли 42 по подесувањето не е во
иста линија со 45°-ознаката на скалата 41, најпрво уште
еднаш проверете ја 0°-поставката за аголот на закосување
и показателот на агли. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика V1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
14 и листот на пилата 12 на масата за пилата 15.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика V2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 56 со крстест
одвртувач и свртете ја масата за пила 15 заедно со
скалата 17 додека кракот на аголникот не лежи рамно
по целата должина на листот за пилата.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 23 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 17, олабавете ја
завртката 57 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика W)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање 33, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина 32 е
притиснат сосема навнатре и завртката за подесување
4 при движењето на кракот на алатот минува низ
отворот без да го допре граничникот за длабочина.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
Bosch Power Tools
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 58.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
3 или фатете го за жлебовите за држење 26 странично
на масата за пила.
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отвори-
те за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 6.
За да ја исчистите ласерската единица свртете го
поклопецот на ласерот 59 нанадвор и отстранете ја правта
со една четка (види слика X).
Опрема
Столарска стега
Плочи за вметнување
Вреќичка за прав
Граничник за должина
Завртка за блокада, граничник за должина
Листови за пилата за дрво и плочести материјали,
панели и лајсни
Лист за пилата 216 x 30 мм, 48 запци
Листови за пила за пластика и неметали
Лист за пилата 216 x 30 mm, 80 запци
Листови за пила за сите видови ламинатни подови
Лист за пилата 216 x 30 mm, 60 запци
Македонски | 265
Број на дел/
артикл
1 609 B04 224
1 609 B03 717
1 609 B00 840
1 609 B02 365
1 609 B00 263
2 608 640 641
2 608 640 447
2 608 642 133
1 609 92A 0XG | (14.8.14)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents