Bosch GCM 8 SJL Original Instructions Manual page 264

Hide thumbs Also See for GCM 8 SJL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 23
OBJ_BUCH-1736-003.book Page 264 Thursday, August 14, 2014 1:18 PM
264 | Македонски
Сечете делови со еднаква должина (види слика Q)
За едноставно сечење на исти делови може да го
користите граничникот за должина 36 (опрема).
Граничникот за должина може да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила 13.
– Олабавете ја завртката за блокада 50 и преклопете го
граничникот за должина 36 над завртката за затворање
51.
– Повторно затегнете ја завртката за фиксирање 50.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила 13 на
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 261).
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика R)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина 32 кон надвор.
– Притиснете на прекинувачот за блокада 9 и навалете го
кракот на алатот во саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување 4 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 32.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
делот што се обработува, граничната водилка и масата за
пила.
Доколку е неопходно. мора да припремите специјални
држачи.
Проверка на основните поставки и подесување
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот уред треба да биде приклучен на
напојување со струја.
 Никогаш не го активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на апаратот). Невнимателниот старт на
електричниот апарат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот 39.
1 609 92A 0XG | (14.8.14)
Проверете: (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што,
запците од листот на пилата ќе се израмнат со линијата
за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на
линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на апаратот ќе се води надолу.
Поставување: (види слика S2)
– Свртете го шрафот за поставување 52 со соодветниот
одвртувач додека ласерскиот зрак не дојде во паралела
со целокупната должина на линијата на сечење на делот
што се обработува.
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика T1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 15.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 12.
Поставување: (види слика T2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост 40.
– Притиснете го граничникот 43 сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
53 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 40.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 53.
Доколку показателот на агли 42 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 41, олабавете ја
завртката 54 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Поставување на стандардниот агол на закосување 45°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Свртете го граничникот 30 сосема нанапред.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 40 и свртете го
кракот на алатот на дршката 8 до крај на лево (45°).
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents