Bosch GCM 8 SJL Original Instructions Manual page 261

Hide thumbs Also See for GCM 8 SJL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 23
OBJ_BUCH-1736-003.book Page 261 Thursday, August 14, 2014 1:18 PM
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 45
со инбус клучот (5 mm) 34 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 44 додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 44 и
одвртете го шрафот 45 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 46.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај.
– Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција и извадете го листот за пилата 12.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 11 наназад до крај и
држете ја во оваа позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 47.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
– Поставете ја стезната прирабница 46 и шрафот 45.
Притиснете ја блокадата на вретеното 44 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач 37 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 8 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 37.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 37.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 33, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Завртете ја завртката за подесување 4 сосема нагоре.
Bosch Power Tools
– За фиксирање на масата за пила 15 затегнете го
копчето за фиксирање 20.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 37 може да се притисне
навнатре.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата
(види слика F)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на десната и левата
страна со помош на продолжетоците 13.
– Преклопете го затегнувачкиот лост 16 нагоре.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 13 до
саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 16 надолу.
Поместување на граничната водилка
(види слика G)
При сечење на агли со закосување мора да ја поместите
одн. сосема да ја извадите подесливата гранична во-
дилка 27.
Агол на косо сечење
вертикално хоризонтално
–2°– 47°
≤ 44° (десно) – Олабавете ја завртката
– Целосно извлечете ја
0°– 47°
≥ 45° (десно) – Извадете ја завртката
– Целосно извлечете ја
– Подигнете ја подесли-
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика H)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 14.
– Вметнете ја столарската стега 29 во отворите
предвидени за таа намена 35.
– Прилагодете ја прачката со навој 48 на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
– Затегнете ја прачката со навој 48 и со неа фиксирајте го
делот што се обработува.
Македонски | 261
за блокада 28.
граничната водилка 27
нанадвор.
за блокада 28.
граничната водилка 27
нанадвор.
вата гранична водилка
нагоре.
1 609 92A 0XG | (14.8.14)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents