Makita TM3000C Instruction Manual page 29

Multi tool
Hide thumbs Also See for TM3000C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Поставување или вадење приклучен
алат (опционален додаток)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Приклучниот алат не смее да се монтира
наопаку. Ако го монтирате наопаку, тоа може
да предизвика оштетување на алатот и тешки
телесни повреди.
Монтирајте го приклучниот алат во
правилната насока во согласност со работата
што ја изведувате. Приклучниот алат може да
се постави под агол на секои 30 степени.
► Сл.3: 1. Завртка за монтирање приклучен
алат 2. Дупчиња во приклучниот алат
3. Испакнати делови на фланшата на
алатот
► Сл.4: 1. Завртка за монтирање приклучен алат
2. Имбус клуч 3. Стегач
Поставете приклучен алат (опционален додаток) на
фланшата од алатот така што испакнатите делови
од фланшата на алатот да навлезат во дупчињата
на приклучниот алат и прицврстете го приклучниот
алат цврсто стегнувајќи ја завртката со имбус-клуч.
Кога се користи приклучен алат за брусење,
монтирајте го приклучниот алат на подлошката за
брусење така што да одговара на нејзината насока.
Подлошката за брусење има систем за спојување
со кука кој дозволува лесно и брзо поставување на
брусната хартија.
Бидејќи брусната хартија има дупчиња за
испуштање на прашината, монтирајте ја брусната
хартија така што дупчињата во брусната хартија да
се совпаднат со оние на подлошката за брусење.
За да ја извадите брусната хартија, подигнете ја за
крајниот дел и одлепете ја.
Олабавете ја и извадете ја завртката за монтирање
на приклучниот алат со помош на имбус-клуч и
потоа извадете го приклучниот алат.
► Сл.5: 1. Завртка за монтирање приклучен
алат 2. Дупчиња во приклучниот алат
3. Адаптер 4. Испакнати делови на
фланшата на алатот
Кога користите приклучни алати со разчичен тип на
делот за монтирање, употребете соодветен адаптер
(опционален додаток).
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да го вклучите алатот и за време
на работата, држете ги рацете и лицето
настрана од приклучниот алат.
ВНИМАНИЕ:
Не применувајте прекумерен товар врз
алатот бидејќи тоа може да предизвика
моторот да се блокира и алатот за застане.
Сечење, пилење и стругање
ВНИМАНИЕ:
Не движете го алатот насилно во насока (на пример
кон која било страна) на примената на алатот без
засечен раб. Тоа може да го оштети алатот.
► Сл.6
Поставете го приклучниот алат на работниот материјал.
Почнете да го движите алатот нанапред така што движењето
на приклучниот алат да не ја намалува брзината.
НАПОМЕНА:
Насилното или прекумерно притискање врз
алатот може да ја намали неговата ефикасност.
Пред да започнете со сечење, се препорачува
однапред да се постави брзината на вртење на 3 - 5.
Брусење
ВНИМАНИЕ:
Немојте да користите брусна хартија која веќе била
употребувана за брусење метал за да брусите дрво.
Немојте да користите излитена брусна хартија
или брусна хартија без груба површина.
► Сл.7
Применете ја брусната хартија на работниот материјал.
НАПОМЕНА:
Со помош на примерок за тестирање на
материјалот, одредете ја точната брзина на
вртење што одговара за работата што ќе ја
изведувате.
Користете брусна хартија со ист степен на
грубост на површина додека не се заврши
целиот работен материјал. Ако ја замените
со брусна хартија со хартија со различен
степен на грубост на површината, може да не
се добие саканата фина обработка.
Приклучок за остранување
прашина (опционален додаток)
► Сл.8: 1. Спојка 2. Стега за прскалка 3. Распрскувач
на прав 4. Приклучок за прашина 5. Прстен
од филц (ø 37 мм) 6. Подлошка (со ознака
OIS) 7. Завртка за монтирање приклучен
алат 8. Сепаратор 9. Прстен од филц (ø 47
мм) 10. Подлошка (со ознака STARLOCK)
► Сл.9: 1. Стега за прскалка 2. Испакнувања 3. Дупчиња
Монтирајте ги спојката, прскалката и
приклучокот за прашина.
Монтирајте ја стегата за прскалката на алатот
така што испакнатите делови да влезат во
дупчињата во алатот за да се прицврсти.
Поставете го прстенот од филц и подлошката за брусење
на приклучокот за прашина и потоа прицврстете ги со
завртката за монтирање на приклучниот алат.
► Сл.10
Кога сакате да извршите операција за чистење,
поврзете правосмукалка на вашиот алат. Поврзете
го цревото од правосмукалката на приклучокот за
отстранување прашина (опционален додаток).
29 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents