Stihl EVC 200 C Instruction Manual page 178

Table of Contents

Advertisement

македонски
1 Рачка на стартерот
Рачката на стартерот се користи за
стартување на моторот.
2 Резервоар за гориво
Резервоарот за гориво содржи гориво.
3 Капаче на резервоарот за гориво
Со капачето на резервоарот за гориво се
затвора отворот за полнење бензин.
4 Филтер за воздух
Филтерот за воздух го филтрира воздухот
вшмукан од моторот.
5 Приклучок за свеќичка
Приклучокот за свеќичката го поврзува
кабелот за палење со свеќичката.
6 Шипка за мерење на нивото на маслото
Шипката за мерење на нивото на маслото
ја мери количината на моторно масло.
3.2
Симболи
Симболите може да бидат на моторот и ги
имаат следниве значења:
Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
4
Безбедносни упатства
4.1
Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на моторот
или уредот STIHL го имаат следново
значење:
Следете ги безбедносните упатства
и мерки.
Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
Не допирајте ги жешките површини.
Не полнете гориво ако моторот
работи или е загреан.
Избегнувајте вдишување на издувни
гасови.
Ауспухот и заштитниот лим
се вжештуваат. Не допирајте!
178
4.2
Гориво и полнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Горивото што се користи за овој мотор е
бензин. Бензинот е исклучително запалив.
Ако бензинот стапи во контакт со отворен
пламен или топол предмет, може да
предизвика пожар или експлозија. Лицата
може да бидат сериозно повредени или да
загинат и може да се предизвика
материјална штета.
Заштитете го бензинот од топлина и
пожар.
► Не истурајте бензин.
► Ако се истури бензин: Избришете го
бензинот со крпа и палете го моторот
додека не се исушат сите делови на
уредот.
► Не пушете!
► Не полнете гориво во близина на
отворен оган.
► Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и почекајте да се олади.
► Ако резервоарот треба да се испразни:
Правете го тоа на отворено.
► Палете го моторот најмалку 3 m од
местото на полнење гориво.
► Никогаш не чувајте го моторот во
затворен простор со бензин во
резервоарот.
■ Вдишување на испарувачки гасови од
бензинот може да предизвика труење.
Не вдишувајте испарувачки гасови.
► Полнете гориво на добро проветрено
место.
■ Моторот загрева кога работи. Бензинот
тогаш се шири и може да се зголеми
притисокот во резервоарот за гориво. Ако
капачето на резервоарот е отворено,
бензинот може да испрска надвор.
Испрсканиот бензин може да се запали.
Корисникот може сериозно да се повреди.
Оставете го моторот прво да се
олади, па потоа отворајте го
капачето на резервоарот.
4 Безбедносни упатства
0478-983-9945-A

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Evc 200

Table of Contents