Gorenje MO28A5BH Instruction Manual page 83

Hide thumbs Also See for MO28A5BH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Затоа, иако капакот на садот не е жежок на допир кога ќе
се извади од печката, запомнете дека храната/течноста
внатре ќе испушта исто количество пареа и/или ќе прска
кога ќе се извади капакот како и кај обично готвење.
12. Секогаш сами проверете ја температурата на зготвената
храна, особено ако подгревате или готвите за бебиња.
Препорачливо е никогаш да не консумирате храна/течност
директно од печката, туку оставете ја да отстои неколку
минути и промешајте ја заради рамномерна топлина.
13. Храна што содржи мешавина од маснотии и вода, на пр.,
супа, треба да отстои 30-60 секунди во печката откако ќе
се исклучи. Ова е за да се овозможи смесата да се смири
и да се спречи клокотење кога ќе се стави лажица во
храната/течноста или кога ќе се додаде коцката супа.
14. Кога подготвувате/готвите храна/течност, запомнете дека
има одредени намирници, на пр., пудинг, џем и мелено
месо, кои многу бргу се загреваат. Кога загревате или
готвите храна со висока содржина на масти или шеќер, не
користете пластични садови.
15. Садот за готвење може да се вжешти поради топлината што
се предава од жешката храна. Ова посебно ако горниот
дел и рачките на садот биле покриени со пластична
фолија. Можеби ќе бидат потребни држачи за ракување.
16. За да се намали ризикот од пожар во печката:
a) Не преварувајте ја храната. Внимателно следете ја
микробрановата ако внатре има хартија, пластика или
други запаливи материјали за да се олесни готвењето.
b) Отстранете ги жичените врвци од кесите пред да ја
ставите кесата во печката.
c) Ако материјалите во печката случајно се запалат,
оставете ја вратата затворена, исклучете ја печката од
струја или исклучете го напојувањето кај осигурувачот
или на разводната табла.
83

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents