Makita M9502R Instruction Manual page 33

Hide thumbs Also See for M9502R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
11.
Користете само фланши наменети за овој
алат.
12. За алатите на кои се ставаат тркала со
отвор со навои, внимавајте навојот во
тркалото да е доволно долг да ја прими
должината на вретеното.
13. Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
14. Внимавајте, тркалото продолжува да се
врти по исклучување на алатот.
15. Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
16. Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
17. Не користете платнени работни ракавици
при работата. Текстилните влакна од
платнените ракавици може да навлезат во
алатот, што предизвикува кршење на алатот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Блокада на оската
Притиснете ја блокадата на оската за да спречите
вртење на вретеното кога ставате или вадите
додатоци.
► Сл.1: 1. Блокада на оската
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте ја блокадата на
оската кога вретеното се движи. Алатот може да
се оштети.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите
кабелот во мрежата, проверете дали
лизгачкиот прекинувач функционира правилно
и дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти неговиот заден дел.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON" за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON" и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
33 МАКЕДОНСКИ
За да го стартувате алатот, лизнете го лизгачкиот
прекинувач кон положбата „I (ON)" (ВКЛУЧЕНО) со
притискање на неговиот заден дел. За континуирано
работење, притиснете го предниот дел од лизгачкиот
прекинувач за да го блокирате.
За да го исклучите алатот, притиснете го задниот
дел од лизгачкиот прекинувач, потоа лизнете го во
положба „O (OFF)".
► Сл.2: 1. Лизгачки прекинувач
Заштита од ненамерно
рестартирање
Алатот не може да се вклучи кога прекинувачот
е блокиран дури и кога алатот е поврзан на
напојување.
За да ја деактивирате заштитата од ненамерно
рестартирање, вратете го лизгачкиот прекинувач во
положба „O (OFF)" (ИСКЛУЧЕНО).
НАПОМЕНА: Кога несакајќи ќе го вклучите алатот,
почекајте повеќе од една секунда пред да го
рестартирате.
НАПОМЕНА: Кога ќе се оптовари алатот и
неговата температура ќе достигне одредено ниво,
тој автоматски ќе се исклучи. Во оваа ситуација,
оставете го алатот да се излади пред повторно да
го вклучите.
Одлика за меко стартување
Одликата за меко стартување ја намалува почетната
реакција.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Местење на страничниот држач
(рачка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
страничниот држач е наместен цврсто пред да
работите.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
►Сл.3
Монтирање или вадење на
штитникот за тркалото (за тркало
со вдлабнато средиште)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
тркало со вдлабнато средиште, штитникот на
тркалото треба да се монтира на алатот, така
што затворената страна на штитникот да биде
свртена кон операторот.
Кога користите

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

M9503r

Table of Contents