Makita M9502R Instruction Manual page 31

Hide thumbs Also See for M9502R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Yasushi Fukaya
Директор
Makita, Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Belgium
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат" во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
брусилката
Општи безбедносни предупредувања за
брусење:
1.
Овој електричен алат е наменет да
работи како брусилка. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Не се препорачува да се врши шмирглање,
2.
стружење со жица, полирање или
отсекување со алатот. Операциите за кои
алатот не е наменет може да предизвикаат
опасност и физички повреди.
Не користете додатоци што не се посебно
3.
одредени и препорачани од производителот
на алатот. Тоа што додатокот може да се
прикачи на вашиот електричен алат не значи
дека е безбеден за употреба.
Номиналната брзина на додатокот мора
4.
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот. Додатоците што
се вртат побрзо од номиналната брзина може
да се скршат и да се распрскаат.
5.
Надворешниот пречник и дебелината
на додатокот мора да се во рамките на
нормалниот капацитет на алатот. Додатоците
со неправилна големина не можат соодветно
да се заштитат или контролираат.
6.
Монтажните додатоци со навој мора да
соодветствуваат на навојот на вретеното на
брусилката. За додатоци што се монтираат
со фланши, отворот за прицвстување на
додатокот мора да одговара на дијаметарот
на фланшата. Додатоците што не одговараат
Прочитајте ги сите
31 МАКЕДОНСКИ
на монтираниот хардвер на алатот ќе работат
без рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно и
може да предизвикаат губење на контролата.
Не користете оштетени додатоци. Пред секоја
7.
употреба, проверете дали на додатокот, како
на пример, абразивните тркала, има скршени
делови или пукнатини и дали на подлогата
има пукнатини, расеченици или прекумерно
абење. Ако алатот или додатокот ви падне,
проверете дали има оштетувања или ставете
неоштетен додаток. Откако ќе го проверите и
ќе го наместите додатокот, поставете се себеси
и околните лица подалеку од рамнината на
вртливиот додаток и ракувајте со алатот при
максимална неоптоварена брзина една минута.
Оштетените додатоци обично се распаѓаат за време
на овој пробен период.
8.
Носете опрема за лична заштита. Зависно
од примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска
за прашина, ракавици и работна престилка
што може да сопре мали отпадоци од
брусење или стругање. Заштитата за очи
треба да сопира разлетан отпад произведен
од работата. Маската за прашина или
респираторот треба да можат да ги филтрираат
честичките што ги произведува вашата работа.
Подолга изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
9.
Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој што
влегува во работното подрачје треба да носи
заштитна опрема. Парчиња од обработуваниот
материјал или од скршен додаток може да одлетаат
и да предизвикаат повреди надвор од непосредното
работно подрачје.
10. Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи каде што
додатокот за сечење може да дојде во
допир со скриени жици или сопствениот
кабел. Додаток за сечење што ќе допре жица
под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
11.
Поставете го кабелот подалеку од
вртливиот додаток. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече и
раката или дланката може да ви се повлечат во
вртливиот додаток.
12. Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре сосема. Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
од контрола.
13. Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.
14. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето, а
прекумерното насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
15. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Искрите може да предизвикаат
пожар.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

M9503r

Table of Contents