Stiga EXPERIENCE Estate 798e Operator's Manual page 640

Ride-on lawnmower with seated operator, battery-operated
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 287
9.3.4 Промена на гумата
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Проверете дали косилката е стабилна и
цврсто поставена во текот на дигањето.
Ако забележите нешто невообичаено,
веднаш спуштете ја дигалката, проверете
и отстранете ги можните дефекти, и
повторно подигнете ја косилката.
1. Извадете го капакот (сл. 39.A).
2. Подигнете ја доволно, за да можете
лесно да го извадите тркалото.
3. Со помош на одвртувач, извадете
го еластичниот прстен (сл. 39.B) и
потпорната подлошка (сл. 39.C).
4. Извадете го тркалото што
треба да се промени.
5. Премачкајте ја осовината
(сл. 39.D) со маст.
6. Монтирајте го резервното тркало.
7. Внимателно вратете ги потпорниот
мутер и еластичниот прстен.
ЗАБЕЛЕШКА
Проверете дали двете задни тркала се на
иста висина (сл. 40.A) и дали разликата на
надворешниот дијаметар меѓу двете тркала
(сл. 40.B) не е поголема од 8-10 mm. Во
спротивно, за да се избегне нерамномерно
косење, склопот на сечилото мора да се
подеси во Овластениот сервисен центар.
9.3.5 Поправка и замена на гумите
Гумите се од типот „Tubeless" така што
сите дупки мора да се санираат од страна
на сервисер за гуми според соодветната
постапка за овој тип на гуми.
9.4
ЗАМЕНА НА LED СВЕТИЛКИТЕ
9.4.1 LED ТИП I
Одвртете ја прстенестата навртка (сл.
41.A) и извадете го конекторот (сл. 41.B).
Извадете ја LED сијаличката (сл. 41.C),
фиксирана со завртки (сл. 41.D).
9.4.2 LED ТИП II (тип бајонет)
Сијаличките се прицврстени на фасонка и
се вадат со вртење обратно од стрелките
на часовникот со помош на клешта (сл. 42).
10. СКЛАДИРАЊЕ
Кога косилката треба да се складира
на период подолг од 30 дена:
1. Извадете го клучот за палење.
2. Темелно исчистете ја косилката.
3. Проверете дали е оштетена косилката.
Ако е потребно, контактирајте со
овластен сервисен центар.
4. Складирајте ја косилката:
• склопот на сечилото да биде
во спуштена положба
• на суво место;
• заштитена од лоши временски
услови на препорачана
температура помеѓу 0 и +40°C.
• по можност покриена со прекривка;
• подалеку од дофат на деца;
• уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
ВНИМАНИЕ
Проверувајте дали акумулаторот е
целосно наполнет најмалку еднаш
месечно и пред секоја употреба.
При повторно стартување на косилката,
подесете ја како што е наведено во
поглавје „7. „Употреба на косилката".
11. РАКУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
• При ракување со косилката, секогаш:
1. исклучете ги сечилата;
2. поставете го склопот на сечилото
во највисоката позиција;
3. исклучете ја косилката и
извадете го клучот за палење
4. исклучете го погонот (пас.6.3).
• Кога ја транспортирате косилката
со возило или приколка, секогаш:
• користете подигнувачка платформа со
соодветна јачина, ширина и должина,
• товарете ја косилката со изгаснат
електромотор, со клучот за палење
изваден од клучалката, без операторот
и со помош на други лица;
• спуштете го склопот на сечилото;
• поставете ја така што нема да
биде опасност за никого;
• вклучете го погонот (пас.6.3).
• цврсто заклучете го на превозното
средство со јажиња или ланци за
да не се преврти или оштети.
MK - 30

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mpst 84 li 48 v1Mps 84 li 48 v1Mpns 84 li 48 v1Mp 84 li 48 v1Mpst 84 li 48 v2Mps 84 li 48 v2 ... Show all

Table of Contents