Stiga EXPERIENCE Estate 798e Operator's Manual page 623

Ride-on lawnmower with seated operator, battery-operated
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 287
6.4.2 Копчиња за прилагодување
(само за модели тип „III")
Овие копчиња се користат за подигнување
(сл. 13.S) и спуштање (сл. 13.T) на склопот
на сечилата, што може да се постави
на 7 различни висини на косење.
Седумте позиции се прикажани
на екранот (сл. 13.W) и
одговараат на ист број висини
на косење помеѓу 3 и 8 cm.
За да се движите од една во
друга позиција, притиснете ги
копчињата за прилагодување
(сл. 13.S, сл. 13.T) додека не се
постигне саканата положба.
Исто така, со задржување
на едно од двете копчиња
за прилагодување, можно
е постојано да се менува
висината на склопот на сечилото
до саканата положба.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако клучот е вметнат докрај (сл.12.A), со
притискање на копчето за рикверц (сл.13.C)
заедно со копчињата за подигнување
(сл.13.S) или спуштање (сл.13.T), може да се
подигне или спушти склопот на сечилата дури
и кога возачот не е седнат на седиштето.
6.5 КОПЧЕ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ
Копчето за итни случаи (Сл. 12.B) овозможува
косилката веднаш да запре во итен случај.
Копчето има две позиции:
1. Активирано: со притискање
на копчето за итни случаи се
запираат моторите на сечилата и
уредите за контрола на погонот.
2. Деактивирано: завртете го
копчето за итни случаи надесно
за да го деактивирате и да
ги вратите сите функции. За
стартување на косилката,
повторете ја постапката за
стартување со употреба
на клучот (пас.7.4).
ЗАБЕЛЕШКА
Косилката не може да се стартува кога
е активирано копчето за итни случаи.
НАПОМЕНА
Копчето за итни случаи никогаш не
треба да се користи како рутински
начин за запирање на косилката.
6.6 ПОМОШЕН ПРИКЛУЧОК
ЗА USB ДОДАТОЦИ
Овој приклучок (сл. 12.I) може да полни USB
уреди. Има само функција за полнење.
Приклучокот нема функција за
комуникација со поврзаниот USB уред.
Приклучокот е под напон само кога
клучот (сл. 12.A) е целосно вметнат.
Не полнете го додатокот поврзан со USB
приклучокот во услови на дожд, влага
или високи температури со директно
изложување на сончева светлина. Употребата
во овие услови ја поништува гаранцијата
и го ослободува производителот од каква
било одговорност во случај на проблеми.
Не отворајте го USB приклучокот во
области со дожд или прашина.
Производителот одбива секаква одговорност
во случај на оштетување на додатокот
поврзан со USB приклучокот или губење на
податоците за време на неговата употреба.
6.7 ЗВУЧНИ СИГНАЛИ ЗА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Двоен звучен сигнал укажува дека
корпата за трева не е монтирана.
Проверете дали има и дали е добро
поставена корпата за трева (само за
модели со задна корпа за трева).
• Непрекинат звучен сигнал укажува
дека корпата за трева е полна.
Испразнете ја (види пас. 7.5.4) (само
за модели со задна корпа за трева).
• Единечен звучен сигнал укажува
дека нема согласност за косење во
рикверц. Види икона на сл. 13.C.
• Емитувањето на наизменичен звучен
сигнал покажува дека клучот е вметнат,
но косилката не е вклучена во рок од
неколку минути од неговото вметнување.
MK - 13

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mpst 84 li 48 v1Mps 84 li 48 v1Mpns 84 li 48 v1Mp 84 li 48 v1Mpst 84 li 48 v2Mps 84 li 48 v2 ... Show all

Table of Contents