Philips GC6822 User Manual page 106

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Македонски
108
Безбедно спуштање
Спуштање на пеглата додека ја поместувате облеката
Додека ја поместувате облеката, пеглата можете да ја спуштите на подножјето или хоризонтално на штицата
за пеглање (сл. 2). Благодарение на технологијата OptimalTEMP, грејната плоча нема да ја оштети навлаката на
штицата за пеглање.
Автоматско исклучување
- Апаратот ќе премине во режим на подготвеност ако не се користи 5 минути. Индикаторот на копчето за
вклучување/исклучување ќе почне да трепка.
- За повторно активирање на апаратот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување или копчето за
пареа. Апаратот повторно почнува да се загрева.
- Апаратот автоматски се исклучува ако не се користи уште 10 минути откако ќе премине во режимот на
подготвеност. Индикаторот на копчето за вклучување/исклучување ќе се исклучи.
Предупредување: никогаш не оставајте го апаратот без надзор кога е приклучен на електричната мрежа.
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
Чистење и одржување
Систем Smart Calc-Clean
Апаратот користи систем Smart Calc-Clean што овозможува редовно отстранување бигор и чистење. Тоа помага
во одржувањето силен млаз на пареа и спречува излегување на нечистотии и дамки од грејната плоча со текот
на времето. Апаратот редовно дава потсетници за да се изврши постапката за чистење.
Звучен и светлосен потсетник за Calc-Clean
По 1 до 3 месеци користење, индикаторот Calc-Clean ќе почне да трепка и апаратот ќе почне да дава звучен
сигнал што укажува на тоа дека е потребно да ја извршите постапката Calc-Clean (сл. 13).
Освен тоа, вграден е и втор систем за заштита на апаратот од бигор: функцијата за пареа се оневозможува ако
не се изврши отстранувањето бигор (сл. 14). Откако ќе се изврши отстранувањето бигор, функцијата за пареа
повторно ќе се овозможи. Ова се врши без оглед на типот вода што се користи.
Забелешка: постапката Calc-Clean може да се изврши во секое време, дури и ако сè уште не се активирал
звучниот и светлосен потсетник.
Извршување на постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean
Предупредување: не оставајте го апаратот без надзор во текот на постапката Calc-Clean.
Внимание: секогаш извршувајте ја постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean. Немојте да ја прекинувате
постапката со подигнување на пеглата од садот Calc-Clean, бидејќи од грејната плоча ќе излезе врела вода и
пареа.
1
Наполнете го резервоарот за вода до половина.
Забелешка: апаратот мора да биде приклучен во напојување и ВКЛУЧЕН при постапката Calc-Clean.
2 Поставете го садот Calc-Clean на штицата за пеглање или на друга рамна и стабилна површина.
3 Поставете ја пеглата стабилно на садот Calc-Clean (сл. 15).
4 Притиснете го копчето Calc-Clean и задржете го 2 секунди сè додека не слушнете кратки звучни сигнали (сл.
16).
Забелешка: садот Calc-Clean е наменет за собирање честички на бигор и врела вода во текот на постапката
Calc-Clean. Сосема безбедно е да ја оставите пеглата на овој сад во текот на целата постапка.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents