Philips GC6822 User Manual page 105

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Користење на апаратот
Ткаенини што се пеглаат
Немојте да пеглате ткаенини што не се пеглаат.
- Ткаенините со овие симболи (сл. 5) може да се пеглаат, на пример лен, памук, полиестер, свила, волна,
вискоза и вештачка свила.
- Ткаенините со овој симбол (сл. 6) не може да се пеглаат. Такви ткаенини се синтетичките ткаенини, како што
е спандексот или еластанот, ткаенините што содржат спандекс и полиолефините (на пр. полипропилен).
Отпечатените слики на облеката исто така не може да се пеглаат.
Пеглање
1
Ставете го апаратот на стабилна и рамна површина.
Забелешка: за да овозможите безбедно пеглање ви препорачуваме базата секогаш да ја поставувате на
стабилна штица за пеглање.
2 Проверете дали има доволно вода во резервоарот за вода.
3 Извадете го кабелот за напојување и цревото за довод на вода од преградата за чување.
4 Вметнете го приклучокот во заземјен ѕиден штекер и притиснете го копчето за вклучување/исклучување за
да го вклучите апаратот. Почекајте индикаторот „пеглата е подготвена" да почне постојано да свети (сл. 7).
Ова трае приближно 2 минути.
5 Само за сериите GC6819, GC6820, GC6830 и GC6840: притиснете го копчето за отпуштање на бравата за
носење за да ја ослободите пеглата од подножјето (сл. 8).
6 Притиснете и задржете го копчето за пареа за да започнете да пеглате (сл. 9).
Забелешка: за да постигнете најдобри резултати на пеглање, по пеглањето со пареа последните потези
направете ги без пареа.
Предупредување: никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓе.
Забелешка: при првата употреба на апаратот, може да бидат потребни 30 секунди за да пареата почне да
излегува од апаратот.
Забелешка: пумпата се активира секогаш кога ќе го притиснете копчето за пареа. Таа произведува слаб звук
на ѕвечкање, што е сосема нормално. Кога во резервоарот за вода нема вода, звукот на пумпата е погласен.
Надополнете го резервоарот за вода кога нивото на вода ќе се спушти под минималното ниво.
Функција за дополнителна количина на пареа
1
Притиснете го копчето за пареа двапати брзо за да ослободите силен млаз на пареа во траење од 3 секунди
(сл. 10).
Забелешка: ви препорачуваме да ја користите функцијата за дополнителна количина на пареа само за
тврдокорни набори.
Вертикално пеглање
Предупредување: пеглата испушта врела пареа. Никогаш не обидувајте се да отстранувате набори од
облека додека некој ја носи (сл. 11). Не применувајте пареа во близина на вашата или туѓа рака.
Пеглата на пареа може да ја користите во вертикална положба за да ги отстраните наборите од ткаенините
поставени на закачалка.
1
Држете ја пеглата во вертикална положба, притиснете го копчето за пареа и нежно допрете ја облеката со
грејната плоча, па движете ја пеглата нагоре и надолу (сл. 12).
Македонски
107

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents