Skil 3008 Original Instructions Manual page 114

Hide thumbs Also See for 3008:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не
го полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите. Неправилното полнење или на
температура надвор од наведениот опсег може да
ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА АКУМУЛАТОРСКИ
ДУПЧАЛКИ/ОДВРТУВАЧКИ
1) БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ
a) Држете го електричниот апарат на изолираните
површини за фаќање при изведување на
операција каде додатокот за сечење или
спојката може да контактираат со скриени жици.
Додатоците за сечење и деловите за прицврстување
што ќе дојдат во контакт со жица под напон може да
ги електрифицираат металните делови на алатот и
да предизвикаат електричен удар на операторот.
2) УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ КОГА УПОТРЕБУВАТЕ
ДОЛГИ ДЕЛОВИ ЗА ДУПЧЕЊЕ
a) Никогаш не ракувајте со поголема брзина од
максимално дозволената за делот за дупчење.
При повисоки брзини, делот може да се свитка
ако се дозволи да ротира слободно без контакт со
работното парче, што може да резултира со лична
повреда.
b) Секогаш започнете со дупчење при мала брзина
и со делот за дупчење во контакт со работното
парче. При повисоки брзини, делот може да се
свитка ако се дозволи да ротира слободно без
контакт со работното парче, што може да резултира
со лична повреда.
c) Нанесете притисок само во директна линија со
делот и не применувајте прекумерен притисок.
Деловите можат да се свиткаат, предизвикувајќи
оштетување или губење на контрола, што може да
резултира со лична повреда.
ОПШТИ
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
При промена на приборот, пренесување или
прибирање на алатот, задолжително поставете го
прекинувачот F 2 во средна позиција (заклучено)
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
ПРЕД УПОТРЕБА
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Испорачаната батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
Не ја расклопувајте батеријата
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
114

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

3010Dd1 3008Dd1 3010

Table of Contents