Tesla 3 Series User Manual page 58

Hide thumbs Also See for 3 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
MK
ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
При користење на електронските уреди, секогаш е важно да ги почитувате мерките за претпазливост,
за да го намалите ризикот од пожар,струен удар и повреди. Овие мерки на претпазливост содржат:
1. Прочитајте ги сите упатства пред користење на уредот.
2. За до го избегнете ризикот од струен удар, уредот поврзете го во соодветен штекер.
3. Доколку филтерот за време на транспортот бил покриен со пластична вреќа ,отстранете ја пред
користење.
4. Држете го кабелот подалеку од областа на наполнетата разводна кутија. За да избегнете
опасност, НИКОГАШ не го ставајте кабелот под тепих, во близина на термометар,радијатор,печка
или греалка.
5. За да се заштитите од опасност никогаш не го потопувајте уредот во вода или друга течност. Не
го користете уредот во близина на вода.
6. Кога уредот го користат деца или личности со инвалидитет, потребен е строг надзор.
7. Секогаш исклучувајте го прочистувачот за воздух пред да го преместите или чистите, при
отварање на решетките , менување на филтер или секогаш кога не го употребувате уредот. За да
го исклучите уредот, повлечете го прекидачот, а не кабелот.
8. НИКОГАШ немојте да испуштате или ставате предмети во отворите на уредот .
9. НЕ ГО КОРИСТЕТЕ уредот со оштетен кабел или штекер. Доколку вентилаторот не работи, или
уредот ви паднал или се оштетил на било каков начин, уредот вратете го на производителот на
преглед или поправка.
10. Уредот користете го само за намени во домаќинството, како што е опишано во ова упатство.
Било каква друга употреба, која не е препорачана од страна на прозводителот, може да доведе
до пожар, струен удар или повреда. Употреба на додатоци кои не ги препорачува или продава
производителот, може да доведат до опасност.
11. НЕ ГО КОРИСТЕТЕ на отворен простор.
12. НИКОГАШ не го поставувајте на меки подлоги како што се кревети или гарнитури, бидејки
тоа може да предизвика превртување на уредот и блокирање на решетките за влез и излез на
воздухот.
13. Држете го уредот подалеку од загреани површини и отворен пламен.
14. НЕ се обидувајте да поправате или инсталирате било каква електрична или механичка функција
на апаратот. Доколку го сторите тоа гаранцијата е неважечка. Внатрешноста на апаратот содржи
делови кои не можат да ги поправат корисниците.Сите поправки треба да ги вршат овластени
лица.
15. НЕ ставајте ништо на врвот на уредот.
16. НИКОГАШ не користете, детергент, бензин, средства за чистење стакло, лак за мебел, средства
за разредување бои или други средства за чистење во домаќинството за да исчистите било кој
дел од апаратот.
17. Секогаш исклучувајте го апаратот пред да го исклучите од струја.
18. Овој уред треба да се користи само во простории со температура помеѓу 4°C и 43°C.
19. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за да го намалите ризикот од пожар или струен удар, НЕ го користете уредот
со било какви уреди за управување со полупроводник.
ВЕ МОЛИМЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ И ДА ГИ ЧУВАТЕ ОВИЕ ВАЖНИ
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
58

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Air3

Table of Contents