Download Print this page

Stiga CS 48 Li 14 Operator's Manual page 190

Portable battery powered chainsaw
Hide thumbs Also See for CS 48 Li 14:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 91
од отфрлените остатоци или од несакан
допир со сечилото на пилата.
• Немојте да ја користите пилата додека
сте качени на дрво, бидејќи ризикувате
повреда. Секогаш носете заштитна
облека и користете ја пилата само додека
стоите цврсто на рамна површина.
Лизгава или нестабилна површина може
да влијае на Вашата рамнотежа, а со тоа
да ја изгубите контролата врз пилата.
• Кога сечете гранка која е под поголем
притисок, внимавајте бидејќи може да
падне на назад. Исечената гранка може
да падне врз корисникот и со тоа да
влијае на неговата контрола врз уредот.
• Бидете многу внимателни кога сечете
фиданка (младо дрво). Стеблото е сеуште
нежно и лесно може да се зафати на
пилата, а и да се наврти околу Вас со што
може да влијае на Вашата рамнотежа.
• Пилата треба да се пренесува додека
е исклучена, со помош на предната
дршка и сечилото да се држи подалеку
од телото. За време на транспорт или
чување на уредот, секогаш поставувајте
го заштитното пакување за насочувачот.
Доколку соодветно го управувате уредот,
значително ќе ја намалите можноста
за несакани контакти со движечките
делови на сечилото на пилата.
• Почитувајте ги упатствата за
подмачкување, прилагодување на
синџирот и менување на додатоците.
Доколку синџирот не се подмачкува
соодветно и не е добро прилагоден, може
да се скрши и да се отфрли на назад.
• Вашите раце треба да се чисти, суви и да
немаат остатоци од маснотии или масла.
Доколку на рацете постојат остатоци од
масла или маснотии, постои можност
да ја загубите контрола врз уредот.
• Со овој уред може да се сече само
дрво. Немојте да го користите уредот
за намени кои не се предвидени. На
пример: не го користете уредот за сечење
на пластика, градежен материјал или
други градежни материјали кои не се
од дрво. Доколку го користите уредот
спротивно од наведените упатства,
може да настанат сериозни повреди..
ПРИЧИНИ И ЗАШТИТА НА
КОРИСНИКОТ ОД УДАРИ:
Ударот од отфрлување на назад може да
се случи доколку крајниот почетен дел од
насочувачот допре некаков предмет или
пак дрвото кое се сече несакајќи се затвори
и го зафати сечилото додека сече.
Понекогаш, допирот со сечилото може да
предизвика обратна реакција, отфрлувајќи го
насочувачот кон горе и на назад кон корисникот.
Доколку сечилото на пилата е зафатено на врвот
на насочувачот, може да доведе до ненадејно
отфрлање на насочувачот на назад кон корисникот.
Било која од наведените работи може да
предизвика губење на контрола врз уредот и
сериозни повреди врз корисникот. Немојте да
се потпирате исклучиво на сигурносните уреди
кои се вградени во пилата. Како корисник,
потребно е да преземете одредени дејствија со
цел да се заштитите од повреди и несреќи.
Отфрлувањето на пилата се случува како резултат
од несоодветно и/или погрешно користење на
уредот или пак не примерни услови за работење.
За да се препречат, Ве молиме преземете ги
соодветните мерки кои се дадени во прилог::
• Држете ги дршките на пилата цврсто со
двете раце, на начин што прстите целосно
ќе ги опфатат дршките на уредот. Телото
и рацете треба да бидат поставени во
позиција која може да избегне несакан
удар во случај на отфрлување на пилата.
• Несаканите удари во случај на отфрлување
на пилата може да се избегнат од
корисникот доколку се преземени
соодветни мерки за претпазливост. Не ја
испуштајте пилата. Only use replacement
bars and chains specified by the manufacturer.
Incorrect replacement bars and chains may
cause chain breakage and/or kickback.
• Не посегнувајте и не сечете над висина на
рамениците. На овој начин ќе препречите
несакани брзи допири со други предмети и
ќе имате подобра контрола врз сечилото на
пилата доколку дојде до ненадејни реакции.
• Користете исклучиво синџири и
насочувач кој е произведен од
производителот. Заменските делови кои
не се препорачани, може да го оштетат
синџирот и да предизвикаат отфрлување
на уредот или неговите делови.
• Почитувајте ги препораките на
производителот за острење и одржување
на сечилото на пилата. Намалувањето на
висината на пропишаната мера може да
доведе до поголем ризик од отфрлување
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕПОРАКИ
• Забележано е дека вибрациите од алатите
кои рачно се користат, кај некои лица
може да доведе до медицинска состојба
позната под називот Raynaud синдром.
Симптомите вклучуваат пецкање,
здрвеност и побелување на прстите,
особено на ладни временски услови.
Наследните фактори, изложеноста на студ
и влага, пушењето и работните навики
придонесуваат кон развојот на наведените
симптоми. До сега е непознато кои, и
дали воопшто, изложеноста на вибрации
може да доведе до развојот на оваа
состојба. Постојат мерки кои може да се
4

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Cs 48 li 16