Download Print this page

Stiga CS 48 Li 14 Operator's Manual page 189

Portable battery powered chainsaw
Hide thumbs Also See for CS 48 Li 14:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 91
• Отстранете ги батериите од уредот пред
да вршите било какви прилагодувања,
замена на додатоците или пак доколку
го чувате на подолго време. Овие
мерки го намалуваат ризикот од
несакано вклучување на уредот.
• Додека уредот е во мирување, чувајте го
надвор од дофат на деца и лица кои не
се запознаени со упатствата за неговото
користење. Овој уред може да биде
опасен доколку се управува од лица кои
не се обучени за негово користење.
• Одржување на уредот. Проверете дали
има несовпаѓање или постои проблем
во поврзувањето на движечките делови,
или пак дошло до оштетување на некои
од деловите, што може да влијае на
работата на уредот. Доколку постои
оштетување, уредот треба да се однесе
на поправка пред повторно да се користи
Многу несреќи се случуваат поради
несоодветно одржување на уредите.
• Одржувајте ги деловите за сечење,
остри и чисти. Доколку ги одржувате
деловите за сечење постојано остри,
постои помала можност тие да зафаќаат
за време на работата и полесно ќе
можете да ги контролирате.
• Користете го уредот, додатоците и
деловите во согласност со упатствата,
земајќи ги во предвид работните
услови и задачата која сакате да ја
извршувате. Доколку го користите уредот
спротивно од наведените упатства,
може да настанат сериозни повреди. .
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
НА УРЕДОТ НА БАТЕРИИ
• Прекинувачот за вклучување треба
да биде во позицијата "исклучено"
(off) пред да ги поставите батериите
во уредот. Доколку ги поставувате
батериите во уредот додека е
вклучен, постои ризик од повреди.
• Полнете ги батериите со помош на
полнач произведен од производителот.
Доколку ги полните батериите во
полнач наменет само за еден тип на
батерии, постои ризик од пожар.
• Користете го уредот исклучиво со
батерии наменети за него. Доколку
користите друг тип на батерии,
постои ризик од повреди и пожар.
• Доколку не ги користите батериите,
држете ги подалеку од други метални
објекти, како што се спојувалки, метални
пари, клинови, шрафови и други мали
метални објекти кои може да направат
поврзување со еден од терминалите
на батериите. Немојте да ги кратите
терминалите на батериите бидејќи може
да предизвикаат изгореници или пожар.
• Во несоодветни услови, течноста од
батериите може да протече. Доколку
дојде до протекување на батериите,
избегнувајте допир со течноста. Доколку
течноста дојде во допир со кожата,
веднаш измијте се со вода и сапун.
Доколку течноста дојде во допир со
очите, веднаш побарајте медицинска
помош. Течноста од батериите може да
предизвика иритации или изгореници..
СЕРВИСИРАЊЕ
• Уредот треба да се одржува од страна
на овластен сервисен центар и да се
користат оригинални заменски делови.
• Со ова ќе се обезбеди сигурност во
користењето на уредот. Сервисирањето
на овој уред треба да се изведува многу
внимателно и од страна на стручни
и квалификувани техничари кои го
имаат потребното знаење за овој вид
на интервенции. За сервисирање на
уредот, обратете се до најблискиот
овластен сервисен центар. За време
на сервисирање на уредот, користете
само оригинални заменски делови.
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ЗА БЕЗБЕДНОСТ
• Држете го уредот само за изолираните
делови, бидејќи сечилото од
пилата може да дојде во допир со
внатрешната инсталација. Доколку
сечилото од пилата дојде во допир со
некоја од жиците, може да направи
електричен пренос и на корисникот
да предизвика електричен удар.
• Држете ги сите делови од телото
настрана додека ја користите пилата.
Пред да почнете да ја користите пилата,
обезбедете се дека нема никаков допир
со другите материјали или телото.
Мал момент на невнимание додека ја
користите пилата, може да ја оштети
Вашата облека или да предизвика
повреди на телото. Секогаш држете ја
пилата со десната рака поставена на
задната дршка, а со левата на предната
дршка. Доколку ја држите пилата со
рацете поставени спротивно од горе
наведеното, постои ризик од повреди
и заради тоа ова е строго забрането
• Секогаш носете заштитни очила и
заштита за ушите. Препорачливо е
користење и дополнителна заштитна
опрема за главата, рацете, нозете и
стопалата. Соодветната заштитна
облека го намалува ризикот од повреди
3

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Cs 48 li 16