Makita EA3600F Instruction Manual page 149

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење на просторот на цилиндарот
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш носете заштита за очи.
По долготрајна употреба, на просторот на цилиндарот може да не насобере
прав. Тоа може да предизвика прегревање на моторот. Повремено чистете го
просторот на цилиндарот.
Исчистете го на следниов начин:
1. Отворете ги двете куки и извадете го капакот на пречистувачот.
2. Извадете го пречистувачот на воздух.
НАПОМЕНА:
• При чистењето, покријте го отворот со чиста крпа за да спречите
нечистотијата или надворешни материјали да паднат во карбураторот.
3. Извадете ги трите завртки и извадете го капакот на цилиндарот. Полесно
е да се извади капакот на цилиндарот кога предниот штитник за рака е во
положба напред.
4. Исчистете ги просторот на цилиндарот и решетката на цилиндарот. Ако е
потребно, употребете четка или компресиран воздух.
5. По чистењето, повторно поставете ги капакот на цилиндарот, пречистувачот
на воздух и капакот на пречистувачот.
Проверување на завртките на издувникот
Извадете ги капакот на цилиндарот и капакот за прав, и проверете дали
четирите завртки на издувникот се добро стегнати. Ако се лабави, стегнете ги.
Проверување на заштитникот од искри
ВНИМАНИЕ:
• Не стартувајте го моторот ако заштитникот од искри е оштетен или
недостига.
Заштитникот од искри спречува жешкиот јаглерод да се разлета надвор од
издувната цевка. Редовно проверувајте го заштитникот од искри преземајќи ги
следниве чекори:
1. Извадете го капакот на цилиндарот.
2. Извадете ја завртката што го прицврстува заштитникот од искри. Завртката
може лесно да се извади со туркање на предниот штитник за рака
нанапред. Потоа, лизнете го заштитникот од искри.
Исчистете го заштитникот од искри ако е потребно со жичена четка.
Ако заштитникот од искри е оштетен, заменете го.
Чистење на деловите
Секогаш одржувајте го моторот чист бришејќи го со крпа.
Проверка на завртки и навртки
- Проверете ги завртките, навртките и сл. Ако е потребно, стегнете ги.
- Проверете дали капачето за гориво и капачето за масло се добро стегнати.
Проверете дали има истекување на гориво.
- Заменете ги оштетените делови со нови за безбедна работа.
Складирање на алатот
ВНИМАНИЕ:
• Моторот е сè уште жежок веднаш откако сте го запреле моторот. Кога го
испуштате горивото, овозможете доволно време за моторот да се олади
откако ќе го запрете. Во спротивно, тоа може да резултира со изгореници на
кожата и/или пожар.
• Кога машината се чува без да се работи со неа подолг временски период,
испуштете го горивото од резервоарот за гориво и од карбураторот, и
складирајте ја на суво и чисто место.
Биолошки разградливото масло за синџирот на пилата може да се чува
само определено време. По две години по производството, биолошките
масла добиваат адхезионо својство, и ги оштетуваат пумпата за масло и
компонентите во системот за подмачкување.
- Пред да ја складирате на подолго време синџирната пила, испразнете го
резервоарот за масло и наполнете го со мали количества моторно масло
(SAE 30).
- Вклучете ја накратко синџирната пила за да ги измиете остатоците биолошко
масло од резервоарот, системот за подмачкување и механизмот на пилата.
Складирајте ја синџирната пила на стабилна површина.
Пред да почнете повторно да ја користите синџирната пила, наполнете ја со
ново биолошки разградливо масло за синџир на пила.
НАПОМЕНА:
• Кога синџирната пила се складира и не се користи, мали количества масло
за синџирот ќе истекуваат од неа извесно време потоа. Ова е нормално и не
е знак на дефект.
149

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents