Makita EA3600F Instruction Manual page 132

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Пред соборувањето на дрвото, погрижете се
а) во работната област да бидат само оние лица што учествуваат во
соборувањето на дрвото.
b) секој работнит вклучен во соборувањето да може да се повлече без
сопнување (луѓето треба да се повлекуваат дијагонално наназад т.е. под
степен од 45°).
c) на долниот дел од стеблото да нема надворешни предмети, израстоци
и гранки. Водете сметка да имате безбедна потпора со нозете (ризик од
сопнување).
d) следното работно место да биде оддалечено барем за 2 1/2 должини од
дрвото. Пред да го соборите дрвото, проверете ја насоката на паѓањето
и уверете се на оддалеченост од 2 1/2 должини на дрвото да нема ниту
едно лице ниту предмет.
• Проценување на дрвото: Насока на накривеноста - лабави или суви гранки
- височина на дрвото - природна надвиснатост - дали е дрвото гнило?
• Земете ги предвид насоката и брзината на ветрот. Ако има силни налети на
ветар, не соборувајте дрва.
• Сечење на корењата: Почнете со најцврстиот корен. Прво изведете
вертикално, а потоа, хоризонтално сечење.
• Обележување на стеблото: Засекот (А) ја определува насоката на
паѓањето и го води дрвото. Стеблото е засечено под прав агол во однос
на насоката на паѓањето и засекот навлегува за 1/3 - 1/5 од пречникот на
стеблото. Изведете го сечењето близу до земјата.
• Кога го исправувате сечењето, правете го тоа секогаш по целата должина на
засекот.
• Соборете го дрвото над долниот раб на засекот (D). Сечењето мора да
биде потполно хоризонтално (В). Растојанието помеѓу двата засека (С) мора
да биде приближно 1/10 од пречникот на стеблото.
• Материјалот помеѓу двата засека служи како шарка. Никогаш немојте да
го сечете до крај бидејќи во спротивно, дрвото ќе падне неконтролирано.
Навремено вметнувајте ги клиновите за соборување.
• Обезбедете го засекот само со клинови од пластика или од алуминиум. Не
употребувајте железни клинови. Ако пилата удри во железен клин, синџирот
може сериозно да се оштети или изаби.
• Кога соборувате дрво, секогаш стојте подалеку од местото кадешто треба да
падне.
• Кога се повлекувате по соборувањето на дрвото, чувајте се од соборените
гранки.
• Кога работите на стрмно подрачје, корисникот на синџирната пила мора
да стои над стеблото што треба да се сече или е веќе соборено, или
понастрана од стеблото.
• Водете сметка за стеблата што може да се истркалат кон вас.
област на сечење
132
45
o
2
/
1
2
45
o

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents