Makita EA3600F Instruction Manual page 148

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење на пречистувачот на воздух
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш носете заштита за очи.
За да го исчистите пречистувачот на воздух, извршете ги следниве чекори:
1. Поместете го комбинираниот прекинувач нагоре (положба на саух) за
да спречите нечистотијата или надворешни материјали да паднат во
карбураторот.
2. Отворете ги двете куки со рамен одвртувач и извадете го капакот на
пречистувачот.
3. Олабавете ја навртката и потоа извадете го пречистувачот на воздух.
НАПОМЕНА:
• При чистењето, покријте го отворот со чиста крпа за да спречите
нечистотијата или надворешни материјали да паднат во карбураторот.
• Ако е оштетен, веднаш заменете го пречистувачот на воздух.
4. Потчукнете го или исчистете го со четка, или со компресиран воздух за да ја
отстраните нечистотијата.
5. Ако пречистувачот на воздух е многу нечист, заменете го со нов.
6. Повторно поставете ги пречистувачот на воздух и капакот на пречистувачот
со извршување на горните чекори по обратен редослед.
Чистење на филтерот за гориво
Филтерот за гориво на главата за всмукување се користи за филтрирање на
горивото што е потребно за карбураторот. Периодично извршувајте визуелна
проверка.
1. Отворете го капачето на резервоарот, со помош на жица со кука извлечете
ја главата за всмукување низ отворот на резервоарот.
2. Ако филтерот е стврднат или затнат, заменете го.
3. По проверката, чистењето или замената, прицврстете го филтерот за гориво
на цевката за гориво со стегата за црево. Турнете го филтерот за гориво
целосно навнатре до дното на резервоарот за гориво.
НАПОМЕНА:
• Се препорачува филтерот за гориво да се заменува еднаш секои три месеци
за да се осигура задоволителен проток на гориво во карбураторот. Во
спротивно, недоволниот проток на гориво може да предизвика дефекти на
моторот.
Проверка на свеќичката
ВНИМАНИЕ:
• Никогаш не допирајте ја спојката на свеќичката додека работи моторот
(постои опасност од струен удар со висок напон).
Растојанието помеѓу двете електроди на свеќичката треба да биде 0,6 -
0,7 мм (0,028 инчи - 0,030 инчи). Ако растојанието е премало или преголемо,
прилагодете го. Ако свеќичката е замачкана или загадена, исчитете ја целосно
или заменете ја.
0,6 мм - 0,7 мм
(0,028 инчи - 0,030 инчи)
148

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents