Makita EA3600F Instruction Manual page 146

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Турпии и насочување на турпиите
- Користете специјална кружна турпија (опционален додаток) за острење на
синџирот на пилата. Нормалните кружни турпии не се соодветни.
- Користете кружна турпија со дијаметар од 4,0 мм.
- Турпијата треба да го зафати делот на секачот само при движењето
нанапред. Кренете ја турпијата од делот на секачот при движењето за
враќање назад.
- Прво, наострете го најнискиот секач. Потоа, должината на овој најнизок
секач станува стандард за сите останати секачи на синџирот на пилата.
- Водете ја турпијата како што е прикажано на сликата.
- Полесно ќе ја водите ако го користите држачот на турпијата (опционален
додаток). Држачот на турпијата има ознаки за правилен агол на острење
од 30°. Кога го користите држачот на турпијата, порамнете ги ознаките
паралелно на синџирот на пилата и ограничете ја длабочината на движење
со турпијата на 4/5 од дијаметарот на турпијата.
- По острењето на синџирот, проверете ја длабочината на засекот со алатот
за мерење на синџирот (опционален додаток).
- Израмнете ги малите остатоци со специјална рамна турпија (опционален
додаток).
- Заоблете го предниот дел на мерачот на длабочината.
146

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents