Makita DRC200 Instruction Manual page 176

Hide thumbs Also See for DRC200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Подготовки
1. Изберете рамна и мазна површина на подот каде
што планирате да ја ставите лентата за граница,
а потоа исчистете ја површината.
2. Поставете ја лентата за граница така што
страната со кратките препреки е веднаш до
областа за чистење и нема меурчиња со воздух
помеѓу лентата и подот.
НАПОМЕНА: Осигурете се дека користите само
оригинална лента за граница. Користењето на
лента поинаква од оригиналниот артикал може
да предизвика дефект на карактеристиката за
откривање граница.
НАПОМЕНА: Не поставувајте ја лентата за
граница на нерамни површини што може да
предизвикаат погрешно откривање или на
површини каде што ленатата може да стане
нечиста или да се оштети.
НАПОМЕНА: Имајте во предвид дека мало
количество средство за лепење може да остане на
подовите, или подот може да се оштети кога ќе ја
извадите лентата за граница.
НАПОМЕНА: Чувајте ги лентите за граница чисти
и проверувајте дали некое делче е откорнато или
искинато. Ако лентата е оштетена, заменете ја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ставајте ја лентата за
граница во каква било област каде што се случила
несреќа поради навлегувањето на роботизираниот
чистач во областа или роботизираниот чистач
паднал од областа. Во таков случај, ставете
предмети чија висина е 15 цм или повеќе и кои
се доволно тешки да го издржат притисокот на
роботизираниот чистач, наместо лентите за
граница.
Функции
Во режим на мирување, притиснете го копчето
на сензорот за граница (Сл. F-11) на
роботизираниот чистач за да го активирате сензорот
за граница (Сл. O-2).
Ламбичката (Сл. F-11) светнува.
За да го деактивирате сензорот за граница,
притиснете го повторно копчето за сензор за
граница.
НАПОМЕНА: Оваа поставка не е можна во режим
на спиење со активиран тајмер за автоматско
вклучување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ: Секогаш проверувајте дали двете
батерии се извадени пред да вршите проверка
или одржување.
НАПОМЕНА: Проверете дали сте ја извадиле
кутијата за прашина пред да го превртите
роботизираниот чистач за да спречите испаѓање
на прашината и нечистотијата од отворот на
главната четка.
НАПОМЕНА: Бидете сигурни дека сте послале
крпа или друг материјал за заштита на подот
за да спречите оштетување на подот и на
роботизираниот чистач (Сл. B).
НАПОМЕНА: Никогаш не користете жешка
вода (над 40°C), бензини, разредувач, алкохол
или слично. Може да доведе до појава на
обезбојување, деформација или пукнатини.
За да ја одржите БЕЗБЕДНОСТА и ДОВЕРЛИВОСТА
на производот, поправките, секакво друго
одржување или прилагодување треба да се изврши
од овластени од Makita или фабрички сервисни
центри, секогаш користејќи делови за замена од
Makita.
Чистење на страничните четки
(Сл. A, M-1)
• Конци и влакна заглавени во ресите на
страничните четки може да предизвикаат
запирање на вртењето на четката. Извадете ги
со користење на пинцети или слични алатки.
• Ако ресите се деформирани или недостасуваат,
заменете со резервна четка (видете
„Поставување на странични четки" за детали).
Чистење на тркалцата
• Извадете конци и влакна од погонските тркалца
(Сл. M-2) користејќи алатки како пинцети и
ножици. Вртењето на тркалцата го олеснува
чистењето.
• Извадете конци и влакна од подвижните тркалца
(Сл. M-3) користејќи пинцети, ножици, или сличен
алат.
НАПОМЕНА: Мора да водите сметка да не ги
фатите прстите помеѓу тркалцата и телото на
роботизираниот чистач.
Чистење на главната четка
Отстранувањето на страничните четки (видете
„Поставување на странични четки" за детали) ја
олеснува следната работа.
1. Отстранете ги четирите шрафа (Сл. N-1), а потоа
долната плоча (Сл. N-2) и главната четка (Сл.
N-3).
2. Избришете ја долната плоча (Сл. N-2) со крпа
малку навлажнета во благ детергент или измијте
ја плочата во вода ако е потребно.
176 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents