Makita DRC200 Instruction Manual page 169

Hide thumbs Also See for DRC200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Не прикачувајте лента на сензорите или
тркалцата. Не менувајте го граничникот или
формата на тркалцата и не притискајте го
граничникот со прекумерна сила.
Тоа може да доведе до престанок на работењето,
повреда поради паѓање на роботизираниот чистач
како резултат на неправилно работење или дефект.
Повремено чистете го секој сензор.
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до престанок на работењето, повреда поради
паѓање на роботизираниот чистач како резултат на
неправилно работење или дефект.
Не користете лента за граница (се продава
издвоено) што е нечиста, излупена или искината.
Тоа може да доведе до повреда поради паѓање на
роботизираниот чистач како резултат на неправилно
работење.
ВНИМАНИЕ
Не користете го роботизираниот чистач на
следниве места.
Тоа може да предизвика неправилно работење на
другата опрема.
• Во болница или околу медицинска опрема
• Во авион
• Околу електронска опрема што бара прецизна
контрола или користи слаби сигнали.
Осигурете се дека роботизираниот чистач и
далечинскиот управувач се најмалку 15 цм
подалеку од имплантабилни срцеви пејсмејкери
и дефибрилатори.
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до дефект на медицинските уреди.
Не вметнувајте надворешни предмети во
процепите и отворите.
Тоа може да доведе до струен удар или повреда.
Внимавајте да не ги фатите прстите кога го
чистите роботизираниот чистач.
Тоа може да доведе до повреда.
Задолжително детално прочитајте го ова
УПАТСТВО ЗА РАБОТА пред да го користите
роботизираниот чистач.
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до повреда или дефект.
НАПОМЕНА
Веднаш престанете со користењето на
батеријата ако забележите непријатна миризба,
истекување на батеријата, ненормално
загревање, деформација или обезбојување.
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до дефект.
Не користете го роботизираниот чистач надвор
или на места каде што може да излезе надвор.
Тоа може да доведе до дефект.
Не користете го роботизираниот чистач на
следниве места.
Тоа може да доведе до дефект.
• Места каде што честички од масло за готвење
или состојки од други масла се распрскани во
воздухот
• Места каде се користат распрскувачи на
аеросоли или хемиски производи, како во
берберници, козметички салони и сервиси за
хемиско чистење
• Правливи места
Не користете го роботизираниот чистач на
следните места.
Тоа може да ги оштети прекривките на подот или да
ги изгребе подните површини.
• Места со подни прекривки што лесно се
оштетуваат (овча кожа, филц и сл.)
• Необработено дрво или мермерни подови
• Подови на кои неодамна е нанесен восок
Не користете го роботизираниот чистач на подни
прекривки со долги влакна (7 мм или повеќе).
Тоа може да доведе до оштетување на подните
прекривки или да предизвика дефект кај
роботизираниот чистач.
Не користете го роботизираниот чистач на тврди,
нерамни подни површини како што се бетонски
подови и сл.
Тоа може да предизвика зголемено трошење на
четката и тркалцата.
Не користете го роботизираниот чистач ако
четките или тркалцата се истрошени.
Тоа може да доведе до изгребани подни површини.
Престанете со работењето и консултирајте го
продавачот каде што сте го купиле роботизираниот
чистач.
Отстранете каква било песоклива нечистотија
прилепена за главната четка, страничните четки
и тркалцата.
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до изгребани подни површини.
Не вшмукувајте ги следниве нешта.
Тоа може да ја изгреба или заглави внатрешноста на
роботизираниот чистач или да предизвика дефект.
• Течности или влажен отпад
• Хемикалии или масла
• Измет од миленици
• Големи количества на песок или прав
• Остри предмети (стакло, сечила, иглички и сл.)
• Габаритен отпад од хартија или винил
• Јаже или жица
Исчистете го филтерот по вшмукувањето ситна
прашина (гипс, цемент, креда и сл.).
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до дефект.
Не користете го роботизираниот чистач ако
филтерот е затнат или сензорите се нечисти.
Тоа може да доведе до дефект.
Не подмачкувајте ја ротирачката четка или
другите подвижни делови.
Ова може да предизвика напукнување на
пластиката.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ
УПАТСТВА.
169 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents