Makita DRC200 Instruction Manual page 170

Hide thumbs Also See for DRC200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користење и грижа за батерискиот
алат
1. Полнете само со наведениот полнач од
производителот. Полнач што е соодветен
за еден тип на батерии може да предизвика
ризик од пожар кога се користи со друга
батерија.
2. Користете ги работните алати само со за
нив наменетите батерии. Користењето на
други батерии може да предизвика ризик од
повреда или пожар.
3. Кога батерија(та) не се користи, чувајте ја
настрана од спојувалки, парички, клучеви,
шајки, шрафови и други мали метални
објекти што може да направат спој од едниот
до другиот пол на батеријата.
4. Под екстремни услови може да се излее
течност од батеријата; избегнувајте контакт.
Доколку се случи ненадеен контакт, исперете
со вода.
Важни безбедносни упатства за
батеријата
1. Пред да ја користите батеријата, прочитајте
ги сите упатства и ознаки за претпазливост на
(1) полначот на батеријата, (2) батеријата и (3)
производот што ја користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.
3. Ако времето на работење станало значително
пократко од обично, веднаш запрете го
работењето. Тоа може да доведе до ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4. Доколку електролит ви влезе во очите,
исплакнете ги со чиста вода и веднаш
побарајте медицинска помош. Тоа може да
доведе до загуба на вашиот вид.
5. Не предизвикувајте краток спој на батеријата:
(1) Не допирајте ги половите со каков било
материјал што е проводник.
(2) Избегнувајте складирање на батеријата
во сад со други метални предмети како
шајки, парички и сл.
(3) Не изложувајте ја батеријата на вода или
дожд.
Краток спој на батеријата може да предизвика
голем проток на електрична енергија,
прегревање, можни изгореници, па дури и
распаѓање.
6. Не складирајте ги роботизираниот чистач
и батеријата на какво било место каде што
температурата може да достигне или надмине
50°C.
7. Не согорувајте ја батеријата дури и ако е
тешко оштетена или е целосно истрошена.
Батеријата може да експлодира во оган.
8. Внимавајте да не ја испуштите и да не ја
удрите батеријата.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Следете ги вашите локални прописи кои се
однесуваат на фрлањето на батерии во отпад.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ
УПАТСТВА.
ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални
Makita батерии. Користењето на неоригинални
Makita батерии, или батерии што се изменети,
може да доведе до експлозија на батеријата
предизвикувајќи пожар, лична повреда и штета.
Тоа исто така ќе ја поништи гаранцијата на Makita
за алатот и полначот на Makita.
Совети за одржување на
максимална трајност на
батеријата
1. Полнете ја батеријата пред целосно да се
испразни. Секогаш престанете со работење
и наполнете ја батеријата кога ќе забележите
помала сила на алатот.
2. Никогаш не полнете целосно наполнета
батерија. Прекумерното полнење го скратува
работниот век на батеријата.
3. Полнете ја батеријата на собна температура
од 10°C - 40°C. Дозволете жешката батерија да
се излади пред да ја полните.
4. Се препорачува да ја наполните батеријата
пред да го складирате на подолг период
(повеќе од шест месеци).
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Роботизираниот чистач е снабден со систем за
заштита на алатот/батеријата што автоматски го
ПРЕКИНУВА напојувањето на моторот за да го
продолжи работниот век на роботизираниот чистач
и на батериите. Роботизираниот чистач автоматски
запира во следниве случаи.
Преоптоварување
Кога роботизираниот чистач ќе се преоптовари и
ќе се повлече струја со прекумерно висок напон,
роботизираниот чистач автоматски запира без
никакво укажување.
За да го рестартирате роботизираниот чистач,
ИСКЛУЧЕТЕ го напојувањето, отстранете ја
причината за преоптоварувањето, а потоа повторно
ВКЛУЧЕТЕ го.
Прегревање
Кога роботизираниот чистач ќе се
прегрее,
ламбичката светнува 5 или 7 пати за
секоја низа и роботизираниот чистач автоматски
запира.
Во таков случај, оставете го роботизираниот чистач
да се излади пред повторно да го ВКЛУЧИТЕ
напојувањето.
Прекумерно празнење
Кога преостанатото ниво на батерија ќе стане ниско,
роботизираниот чистач автоматски запира и не
реагира на никакви операции со прекинувачите.
Во таков случај, извадете ги и наполнете ги
батериите.
170 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents