Makita DRC200 Instruction Manual page 168

Hide thumbs Also See for DRC200:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Не користете го роботизираниот чистач на
следниве места.
Тоа може да доведе до струен удар или повреда.
• Во близина на бебиња или лица со намалени
физички, сензорни или умствени способности,
или на кои им недостасува потребното искуство
и знаење
• Во близина на животни
• Во близина на голем број луѓе или области со
интензивен сообраќај
Не дозволувајте ненадгледувани деца или лица
што не се во состојба да ја изразат својата волја
или самите да работат со роботизираниот чистач
да го користат истиот.
Тоа може да доведе до струен удар или повреда.
Веднаш престанете со работење во случај на
неправилно работење или неисправност како во
случаите наведени подолу.
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до чад, пожар или струен удар.
• Роботизираниот чистач не работи иако е
ВКЛУЧЕН.
• Роботизираниот чистач е деформиран или
невообичаено врел.
• Роботизираниот чистач понекогаш запира во
текот на работењето.
• Роботизираниот чистач испушта невообичаени
звуци во текот на работењето.
• Роботизираниот чистач испушта мирис на
изгорено.
ИСКЛУЧЕТЕ го роботизираниот чистач на места
каде што користењето е забрането.
Непридржувањето до ова упатство може да
предизвика неправилно работење на медицинската
опрема.
Осигурете се дека се следат упатствата на секоја
медицинска установа кога користите опрема што
емитува радио бранови внатре во медицинските
установи.
Не користете го роботизираниот чистач во тесни
и неоградени високи места.
Тоа може да предизвика паѓање на роботизираниот
чистач од областа и да доведе до повреда или
дефект.
• Скали
• Врз маса, полица, шкаф, фрижидер и сл.
• Мезанини, поткровја, катови со директен излез
на скалила или влезови и сл.
• Места со наклон од 10° или повеќе
Не изложувајте го роботизираниот чистач на
директна сончева светлина или инфрацрвени
зраци.
Неправилното работење поради грешка на сензор
може да предизвика паѓање на роботизираниот
чистач и да доведе до повреда или дефект.
• Халогени греалки
• Далечински управувачи или сензори и сл.
• Сончеви зраци што навлегуваат низ матно
стакло
Поместете ги сите предмети што може да
предизвикаат несреќа во случај на контакт со
роботизираниот чистач.
Непридржувањето до ова упатство може да доведе
до повреда поради предмети кои се превртуваат или
паѓаат.
• Запалени свеќи, вази и сл.
• Електроника со контроли сместени приближно
на истата висина како роботизираниот чистач.
Не покривајте го роботизираниот чистач.
Тоа може да доведе до пожар поради прегревање.
Не јавнувајте го и не ставајте тешки предмети
врз роботизираниот чистач. Не применувајте
силни физички удари.
Тоа може да доведе до повреда, оштетување или
дефект.
Особено, обрнете непосредно внимание на децата
околу роботизираниот чистач.
Никогаш не модификувајте го роботизираниот
чистач.
Тоа може да доведе до пожар, струен удар или
повреда.
За поправки, консултирајте се со продавачот каде
што сте го купиле роботизираниот чистач.
Не блокирајте ги и не вметнувајте метални
или лесно запаливи надворешни предмети во
отворот за вшмукување или издувниот отвор.
Исто така, не користете го роботизираниот
чистач околу предмети што може да го блокираат
отворот за вшмукување.
Тоа може да доведе до струен удар, пожар или
дефект.
Не загревајте го и не изложувајте го
роботизираниот чистач на оган и не оставајте
го на топло место како во близина на оган или
печка, изложен на директна сончева светлина
или внатре во возило под жешко сонце.
Тоа може да доведе до краток спој, пожар или да
предизвика од батеријата да истече течност или да
се распрсне.
Не перете го и не изложувајте го роботизираниот
чистач* на вода или детергенти.
Тоа може да доведе до струен удар, краток спој или
пожар.
* Со исклучок на главната четка, долната плоча,
страничните четки, кутијата за прав и филтерот
Не допирајте ги погонските тркалца и не
вметнувајте раце или нозе под роботизираниот
чистач во текот на работењето.
Тоа може да доведе до повреда.
Особено, обрнете непосредно внимание на децата
околу роботизираниот чистач.
Не блокирајте ги и не вметнувајте надворешни
предмети во сензорите на роботизираниот
чистач.
Тоа може да доведе до престанок на работењето,
повреда поради паѓање на роботизираниот чистач
како резултат на неправилно работење или дефект.
168 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents