Makita EM4350RH Original Instruction Manual page 164

Hide thumbs Also See for EM4350RH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5) Вратете го моторот на рамно ниво и постепено полнете го со ново масло
до ознаката на горната граница.
6) По полнењето, цврсто стегнете го капачето за масло така што да не може
да се олабави и да предизвика протекувања.
Ако капачето за масло не е цврсто стегнато, тоа може да протече.
ТОЧКИ ЗА МАСЛОТО
Никогаш не фрлајте го заменетото моторно масло во отпад, на земја
или во канализација. Фрлањето на маслото во отпад е регулирано со
закон. При фрлањето во отпад, секогаш следете ги релевантните закони
и прописи. За секоја точка што останува непозната, обратете се кај
овластен сервисен агент.
Квалитетот на маслото ќе опадне дури и ако се чува неупотребено.
Извршувајте инспекција и замена на редовни временски интервали
(заменувајте го маслото со ново на секои 6 месеци).
ЧИСТЕЊЕ НА ПРЕЧИСТУВАЧОТ НА ВОЗДУХ
ПРЕДУПРЕДУВАЊE:
Временски интервал за чистење и инспекција: Секојдневно (секои 10
работни часа)
Свртете ја рачката за саух на страната за целосно затворено, и одржувајте
го карбураторот чист без прав или нечистотии.
Вадење на капакот на воздушниот чистач
Олабавете ги двете завртки за прицврстување (1).
Повлечете и извадете го капакот на воздушниот чистач (2).
Чистење на елементите
Извадете ги елементите (3, 4) и потчукнете ги за да падне прашината од
нив.
При сериозно загадување:
1) Извадете го елементот (сунѓерот) (3), потопете го во топла вода или во
раствор на вода со неутрален детергент, и потоа целосно исушете го.
Немојте да го стискате или триете при миењето.
2) Исчистете го елементот (хартијата) (4) нежно потчукнувајќи го. Ако
сте во можност да користите апарат за дување воздух, дувнете
компресиран воздух во внатрешноста на елементот (хартија). Не мијте
го елементот (хартијата).
Пред да го поставите елементот (сунѓерот), проверете дали е целосно
исушен. Недоволното сушење на елементот (сунѓерот) може да доведе
до тешкотии во стартувањето.
Избришете го наслагите од масло околу капакот на воздушниот чистач и
разделната плоча (5) со стара крпа.
Поставување на капакот на воздушниот чистач
Вметнете ги елементот (сунѓерот) и елементот (хартијата). Вметнете го
елементот (сунѓерот) до крај во капакот на воздушниот чистач.
Прицврстете го капакот на воздушниот чистач со двете завртки за
прицврстување.
НАПОМЕНА:
Чистете ги елементите неколку пати дневно, доколку има наслаги на
прашина на нив. Нечистите елементи ја намалуваат моќноста на моторот
и го отежнуваат неговото стартување.
Отстранете го маслото од елементите. Ако се продолжи да се работи со
елементите неисчистени од масло, маслото во воздушниот чистач може
да истече надвор и да доведе до загадување на животната средина.
Не ставате ги елементите на земја или на нечисто место. Во спротивно,
може да соберат прашина или нечистотии, и со тоа да го оштетат моторот.
Никогаш не користете гориво за чистење на елементите. Горивото може
да ги оштети.
Исклучете го моторот, држете се
настрана од оган и не пушете.
(5)
164
(4)
(3)
(2)
(2)
(3)
(1)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents